22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муцунски: Билатералните спорови ја кочат европската интеграција на Северна Македонија

Северна Македонија останува посветена на развојот на добрососедските односи, но билатералните спорови со Бугарија продолжуваат да го оптоваруваат процесот на европска интеграција, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со неговиот бугарски колега Георг Георгиев на Минхенската безбедносна конференција.

„Наместо напредок во добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални разлики, кои претставуваат непринципиелна пречка на нашиот европски пат“, рече Муцунски.

Тој нагласи дека сите отворени прашања треба да се решаваат преку дијалог, взаемна почит и разбирање, додавајќи дека добрососедството подразбира и поддршка за европските интеграции на Северна Македонија како стратешка цел.

Муцунски изрази загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласи потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

 

 

Related posts

“Европски” станува “Национален” фронт: Ахмети ги обедини Села и Таравари

admin

Републиканците бараат оставка од Бајден

admin

Дијалог на „глуви“ за минималец на мускули

admin

Фон дер Лајен се соочува со нови гласања за недоверба, но падот изгледа малку веројатен

admin

Со пари за меѓуетничка интеграција – приредба за УЧК

admin

Курти: Предлозите во Брисел, штит за спроведување на договорот од Србија

admin