12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уште неизбрано, новото раководство на СДСМ го чека „ѓаволски тешка“ работа

СДСМ е пред избор на ново раководство откако пред речиси пет месеци Венко Филипче ја презеде лидерската позиција. Откако го доживеа најголемиот пораз, тешко дека ќе направи чуда до локалните избори за помалку од една година, оценуваат дел од аналитичарите затоа што новото раководство прво го очекува многу работа внатре во партијата, а дури потоа ќе треба да се сврти кон граѓаните.

 

Помалку од една година ќе има новото раководство на социјалдемократите да ги збие редовите, да се консолидира и да се обиде да направи добар резултат на следното изборно соочување со политичките ривали. Периодот е краток, а работата што го очекува новиот партиски врв, оценува поранешниот партиски лидер и премиер Владо Бучковски, е „ѓаволски тешка“ бидејќи ова е најдлабоката криза во која западнал СДСМ.

Во чии раце, покрај кај актуелниот лидер Венко Филипче, ќе биде жешкиот костен по најтешкиот изборен пораз што го доживеа СДСМ во својата историја, се очекува да биде познато в недела (24 ноември) за кога партијата закажа Конгрес на кој треба да се избере новиот Централен одбор.

Но, не само за сопствениот рејтинг и резултат, консолидирана и гласна опозиција е важна и за македонското општество.

„Важно е, еден од столбовите на македонскиот плурализам се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во секој случај, силен СДСМ како предводник на идната опозициска коалиција е исклучително важен затоа што апсолутна власт, владејачката коалиција веќе доаѓа до две третини, носи многу опасности“, вели Бучковски за Радио Слободна Европа (РСЕ). / Целата анализа е достапна ТУКА

Related posts

МОСКВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ ВРЗ ДРЖАВИ ОД НАТО

ninja

Тајните ветá на ЕУ: Кој сака да ја блокира Македонија, Србија, Турција и Албанија?

admin

Мерц: Светскиот поредок заснован на правила повеќе не постои

admin

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin

Собранието ја укина техничката влада – измените на Законот за Влада изгласани со 70 гласа „за“

admin

СДСМ: Одлуката на САД за визи сигнализира изолација на Македонија

admin