10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николоски: Курти е најпопуларниот албански политичар, тој е со сите што се против ДУИ и Ахмети

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Летен клик“ на ТВ21 вели дека премиерот на Косово, Албин Курти дал јасна порака дека ги поддржува сите кои се против ДУИ и Али Ахмети, пренесува Инбокс7.

„Она што се случува на политичката сцена кај Албанците во Македонија има влијание врз Косово, а она што се случува на политичката сцена во Косово има влијание врз Македонија. Посетата на премиерот Курти на Македонија, кој во моментов, според сите истражувања на јавното мислење, е најпопуларниот политичар на Балканот, имаше јасна политичка порака за сите што малку разбираат од политика, додека ова е јасна поддршка за сите кои се против ДУИ и Али Ахмети“, рече Николовски.

Николовски вели дека политичките настани во Македонија влијаат на Косово и обратно. Тој вели дека Албанците од Македонија се многу повеќе поврзани со Албанците од Косово отколку со оние од Албанија.

„Факт е дека Албанците кои живеат во Македонија се повеќе поврзани со Албанците кои живеат на Косово, многу повеќе отколку со Албанците од Албанија. Тоа е природно бидејќи прв пат во 1991 година имало граница, порано и во Титова Југославија и на Кралството, порано во Отоманската империја немало граница, природно е да има интеракција, семејства, свадби итн. “, рече Николовски.

Related posts

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Луѓе заробени под урнатините

admin

Одлуката на Уставниот суд – дополнителна пречка за ЕУ

admin

Таравари во Тирана кај Рама: Разговор со „најевропскиот премиер на моментот“

admin

Над 796.000 патници за три месеци – Скопје руши рекорди

admin

Бајден: САД стојат зад Израел

admin

Цената на златото благо опаѓа поради зајакнат долар, пазарите во исчекување на нови поставувања во ФЕД

admin