17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово, ДПМНЕ нека си ги побара од Христијан Мицкоски, одговори СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со посетата на косовскиот премиер Албин Курти, пренесува Инбокс7.

“Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово.”

“Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.”

“Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.”

“Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно.”

“Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.”

“ДПМНЕ само сака да го пљачкаат народот, како што тоа го правеа цели 11 години, кога заради богатење на функционерите од Белата палата, спроведоа грабеж и цел културен инженеринг.”, вели СДСМ.

Related posts

Русија продолжи со нападите врз главниот град Киев

ninja

Ќе се сретнат ли Блинкен и Лавров во Скопје?

admin

Пендиков: Ќе им помогнам на Бугарите во Северна Македонија

admin

КОРУПЦИЈАТА Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, РЕШЕНИЕТО Е ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС КОН ЕУ, РЕЧЕ ЕСКОБАР

ninja

Германски печат: „Опасен курс на Балканот – а Берлин молчи“

admin

“Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината”

admin