11.8 C
Скопје
25 февруари, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Драги дипломати, да прозборуваме за НВО / експертската “злоупотреба на службената положба”

Пишува: Ивон Величковски 

НВО-ите “посветени” на евроинтеграциите со странски донации втора година се опоненти и обесхрабрувачи на ЕУ-интегративниот процес. Нивното кадровско потекло е – Секретаријатот за евроинтеграции (СЕИ), во кој се вработуваа „фини, наши деца“ на елитата на југословенско Скопје.

Како функционери и службеници од таму се вмрежуваа насочувајќи проекти и финансии кон организациите формирани со нивни блиски. Проекти и финансии што не се инвестирани во земјата, туку во нив; лично.

Додека „на државно“, „rent a face“ ликови им ги водеа проектите со кои се градеа портфолија на овие НВО-и. По завршувањето на мандатите, функционерите ги менуваа канцелариите и седниците на државните органи ги заменуваа со тинк-тенк дебати и панели.

Потоа СЕИ го “консултира општеството” преку овие НВОи…?!

Контролираните медиуми ги користеа/користат според потребата и моментот – еднаш како функционери, друг пат како “експерти”: кога се функционери – интеграциите напредуваат, кога се „експерти“ – интеграциите пропаѓаат, оти тие не се функционери.

Тие се лица кои легитимитетот го црпат од именување, но никогаш од партиско лидерство. По препорака од истите кругови кои ги окупираа финансиите, компаниите и медиумите во тајкунско-дипломатски сплет во Скопје од 1991 до денес.

Тие се вмрежени со вечните “експерти” по потекло од скопски УКИМ. Кога овие професори на факултетите од општествените науки (особено Правниот) не се на функција како пратеници, министри, претседатели…

Затоа, на пример, Макрон го зборува истото два мандати. Но за нашите „ЕУ-познавачи“ неговите зборови се состојба што ќе ја надминеме кога се функционери и непремостлива пречка кога не се на функција.

Затоа, нема да чуете од овие ваши “експерти” дека “злоупотреба на службената положба” е дефиниција во нашиот Кривичниот законик наследена од социјалистичката кривична легеслатива. Како растеглива морално-политичка одредба применлива врз секој неподобен функционер (до 1991 за ЦК СКМ, по 1991 за секој функционер на спротивставената политичка партија).

„Експертиве“ нема да кажат ниту дека во кривичните законици и на ЕУ-членките со континентално право и на земјите со англосаксонско право (Обединетото Кралство, САД, Канада) – се дефинираат конкретни дела (како „злоупотреба на јавна функција“ или „службена опресија“ (од ускратување човеково право до сексуално вознемирување) со казни според вредност на злоупотребени пари, нанесена штета или стекнати привилегии и конфискување имот стекнат преку корупција, злоупотреба на јавни финансии итн. од страна на функционерите и/или јавните службеници.

И дека токму прецизизноста на кривичното дело и начинот на пресметување на нанесената штета/кражба врз јавните финансии овозможува да се водат временски разумни истраги и судски процеси.

Се прашувате како да се соочите со фактот дека поради ваквите “вечни експерти” од скопски Правен, слаткоречивите екс-сојузни и републички министри за правосудство и јавни обвинители и ваквите „НВО-и“ селектирани од вашите претходници – многу „реформи“ водени од нив биле „проекти во бунар“? Дека реформите се сведоа на форма без суштина, па затоа има недоверба во судството и воопшто во владеењето на правото?

Се прашувате како да го објасните обратниот ефект од досегашните дипломатски миленици од партиите, медиумите, НВО-ите, професурата и академиката…

Ефектот на сите тие „почитувани“ Владовци, Гордани, Радмили, Михајловци, Николи, Василки, Стевовци, Артани, Фатмири, Теути…? И префрлањето на презирот кон нив врз вас?

За почеток, информирајте ги вашите МНР-а дека вашите кирилични staff-ови умешно ви ги подметнале овие „НВО-експерски мрежи“. Оние од staff-овите коишто во 1990-тите во амбасадите ви ги „акредитираше“ македонското МВР.

И соочете ги вашите метрополи дека Северна Македонија не е ПЈРМ. Иако тоа ви изгледа страшно, не е. Оти созреавме, па знаеме дека парите на вашите даночни обврзници се донација, а не обврска. Страшно ќе беше обратното.

Наспроти оние што вие ги претставувавте како „политичка елита“, ние свесно ги избравме НАТО и ЕУ за дестинација на државата. Ние ги правиме болните реформи. И знаеме дека тоа не е ниту брз ниту бесконечен процес. За нив тоа е реторика.

И затоа сме во судир со коморско-партиските, невладино-експертските, медиумско-тајкунските штитеници на вашите претходници, инсталирани од првата генерација Belgrade Boys и заштитувани од нивните деца, амбасадори во Скопје во доцните 1990-ти и првата деценија од 2000.

А кога ќе престанете да го обесхрабрувате овој општествен процес за да ги „спасувате“ милениците на вашите претходници, ќе си го вратите кредибилитетот.

 

(Превземено од Фејсбук профилот на авторот)

Related posts

Херои и убијци

admin

Посетата која крена врева: Албанските медиуми со афирмативен пристап, македонските – критични кон Курти

admin

СДСМ протуѓеризација

admin

СЕДИ КЕЦ!

admin

На погреб на мртвите работници од Коридор 8

admin

Пет причини за граѓаните да инвестираат во граѓанската обврзница – петка за граѓаните

admin