13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мехмети: Уставните измени не треба да бидат драма

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во емисијата 24 анализа рече дека треба да тргнеме напред и треба да гледаме кој е државниот интерес, пренесува Инбокс7.

“За промените во ЕУ беше дискутирано и порано, не поради нас. Тое не се фокусирани заради нас, туку заради Украина која им е приоритет. Постои проблем и затоа го одложуваат процесот. Проблемот е што и ова решение мора да се донесе со консензус. Прашање е како тоа ќе се одвива. За да се изгласаат уставните промени, самата промена не е голема драма, туку начинот на кое тоа се наметнува од Бугарија кон Македонија”, рече Мемети.

Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека сега дуваат нови ветришта во ЕУ и смета дека со ваквата преговарачка рамка што ја прифати власта значи тивка бугаризација на македонскиот народ.

“Што таа наша комисија прифатила во делот на реториката, тоа е јавно објавено и прифатено од владата. Се тоа е точно кое го зборувавмеизминатата година. Горди сме што сме издржале и не ја послушавме власта. Македонија заслужува членство во ЕУ достоинствено како сите претходни држави, а не обезличена. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни. Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати”, рече Петрушевски.

Ненад Коциќ од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека нова преговарачка рамка без согласност на сите 27 членки на ЕУ не е возможно.

“Било која следна преговарачка рамка, треба да биде прифатена и од Бугарија и ако тоа се случи, ќе треба да преговараме повторно со Бугарија, а не со Брисел. Ако е тоа целта на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се на вистинскиот пат. Сметаме дека тоа е промашена мисија и дека Македонија ќе изгуби со тоа”, рече Коциќ.

 

Линк до целата емисија: https://fb.watch/n9JxTP9WKE/?mibextid=Nif5oz

 

Related posts

Станува ли меѓуградскиот превоз луксуз за младите?

admin

Вештачката интелигенција може да ја уништи демократијата

admin

ПОД ИСТРАГА ДВА МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ НА „СЕРТА“ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ВЛАДИНИ ИНСТИТУЦИИ

ninja

Со национализам на младите не им се „продава“ иднината

admin

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

СПАК побара апсење на Ахметај

admin