12.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети оценува дека судирите во најголемиот опозициски политички субјект ВМРО-ДПМНЕ може да имаат сериозни ефекти врз текот на настаните кои ќе продолжат до ноември до кога се очекува да се решава судбината на уставните измени,  пренесува Инбокс7.

Мехмети, во изјава за порталот на албански јазик КДП, изразува резерва за обвинувањата на Мицкоски за тајна комуникација меѓу Груевски и актуелната власт. Тој вели дека овие обвинувања мора да бидат поткрепени со конкретни докази. Но, тој додава дека овој судир во ВМРО може сериозно да се одрази на текот на настаните кои ќе продолжат до ноември.

Ноември е крајниот рок кога земјава треба да ги усвои уставните измени согласно Францускиот предлог, кои се предуслов за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Овој документ, одобрен од парламентите во Скопје и Софија минатата година, го тргна бугарското вето за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

„Судирот меѓу актуелниот лидер на ВМРО, Христијан Мицкоски и поранешниот лидер на оваа партија, Никола Груевски, веројатно е финале на конфликтот меѓу двете струи во оваа партија кој почна одамна, иако досега ова беше се држи под контрола“, подвлекува Мехмети.

Според него, разликите меѓу нив ќе останеа „под маса“ да не беше кризата околу уставните измени, каде што улогата на ВМРО е одлучувачка.

„Во страв дека актуелната власт може да го „злоупотреби“ Груевски и пратениците кои се под негово влијание, Мицкоски ги отвори „писмата“ свесен дека неговата намера да ги држи под контрола сите пратеници на оваа партија да не гласаат за вклучување на Бугарите во Уставот може сериозно да биде загрозена од неговиот поранешен партиски шеф“, нагласува Мехмети.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Кајтунг“ пред неколку дена под наслов „Континуирано нови барања за Северна Македонија“ објави долга хроника за доброто познавање на регионот, новинарот Михаел Мартенс, кој разговараше со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со членството на државата во ЕУ.

„Владата планира да му вети кривично неказнивост на поранешниот премиер кој пребега во Унгарија, Никола Груевски, за тој да се врати и заедно со помош на неговите поддржувачи да помогне уставните измени да поминат во Собранието, а истото да да биде одобрен“, нагласи тој.

Сепак, тој додаде дека плановите на Владата за поделба на партијата нема да се остварат, а уставните измени нема да поминат.

 

 

Related posts

ЕУ организира 6 нови хуманитарни летови со воздушен мост за Газа

admin

Организациските директори скапо го „организираат“ здравството

admin

Почна состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja

Стоилковски до Османи: Земи креда и со големи букви напиши – УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА

admin

Радоичиќ ослободен, реагира Ѓилас: Вучиќ да поднесе оставка, ќе се соочиме со санкции

admin