Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и актуелниот Христијан Мицкоски ја продожуваат да управуваат меѓусебни обвинувања, кои се во релација со внатрешните поделби.
“Да заклучам…Три дена молчев на нападите од Мицковски за да оставам простор да се види и да стане јасно кој сака меѓусебни расправии и раскол, кој напаѓа, кој ги дели луѓето во партијата принудувајќи ги на бесмислени подршки, и најмногу од се да ги видиме доказите за наводните тајни средби, документите, фотографиите итн.
Ништо од тоа!”, напиша Груевски на Фејсбук, споделувајќи го интервјуто на Мицкоски за АлсатМ.
“Наместо докази – прераскажување филмови. Сега излезе дека тајните средби биле во 2015 година, пред 8 години, а интервјуто на Ахмети кое подоцна сите го демантираа, е дадено една недела одкако Мицкоски на 5 септември дал интервју за ФАЦ.”
“Некакви УСБ-а и пликоа пред две години, како делови од трилер во детски маалски летни вечерни разговори пред зграда на клупа. Практично се што збореше 3-4 дена за тајни средби во Будимпешата си го негира на интервјуто на Алсат М.”
“Не прекинаа со напади секојдневно, цела кампања подготвиле и наместо со СДС се бават со мене.”
“Добил задача да се раскара со мене и се пресметал дека токму сега тоа му е исплатливо и му треба. Членството нека си процени дали тоа му паметно, морално и рационално.”
“И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојужништво со З.Заев.
Па нели тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот “џелат” на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека “Сичките сме сшти”, “един народ сме” итн.”
“До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн.”
“Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање?
Што се случи?”, напишал Груевски.
Но, на средбата со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Мицкодки повторно го нападна неговиот претходник.
“Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација.”, рече Мицкоски.
“Морам да кажам дека сум длабоко разочаран од неговото однесување. Долго време јавно одбегнував да се произнесам за тоа, и за многу, многу други работи кои ми се случуваа мене и на моите најблиски соработници во битката ВМРО-ДПМНЕ да ја ставиме на здрави нозе и она што е денес силна структура на прагот на најголемата победа. Се до извесен период, иако немав и немам никакви контакти, мислев дека делиме иста цел. Патот до оваа цел ВМРО-ДПМНЕ силно и обединето беше трновит, со многу удари, и мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно, ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза. Не можам никако да разберам како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија. Да дели усбеа и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори.”
“Ја сфаќам и неговата тешка судбина, но пеколно е сознанието дека зад завесата се прават валкани планови за кои цената би требало да ја плати друг.”
“За многу работи од внатрешните работи со поранешниот претседател нема да говорам и ќе оставам историјата да суди, за многу работи ќе се послужам со онаа народната „ти кон мене со клетви, јас со благослови“, но немојте никогаш и никој да ја тестира нашата одлучност да ги браниме нашите ставови, ниту пак намерата да не отстапиме во работите кои веруваме или пак било како да го разочарам народот.”
“Чудно е тоа проклетство на историјата, човекот кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија. Мене не ми беше цел да влезам во конфликт и јавна преписка со него, но овој валкан план мораше да го знае јавноста. И ова е вистински последниот пат кога се осврнувам на оваа тема и нема повеќе да говорам за ова зошто имаме работа, а тоа е пад на оваа криминална Влада. Јас му посакувам добро здравје, добра среќа и да не го прави на другите тоа што нему не сака да му го прават. Имаме работа, нашиот противник е оваа криминална Влада на чело со СДСМ и ДУИ.”, вели Мицкоски.