11.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше куса средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк.

Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес што го дава Сојузна Република Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.

Премиерот се заблагодари на канцеларот за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја.

На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на канцеларот Шолц за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја. Истата е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет

“Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц.

 

 

Related posts

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, системот „Сејф сити“ продолжува да функционира

admin

САД и Израел започнаа напади врз Иран, Трамп потврди „големи борбени операции“

admin

ВО ЖИВО Ковачевски, Абазовиќ и Брегу: Регионална соработка е предуслов за развој

admin

Кризата во ВЛЕН може да го ослаби албанскиот политички блок, оценува аналитичарот Џелал Незири

admin

ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ИСТИ БЕНЕФИЦИИ КАКО ПОЛИЦИЈАТА

ninja

ВЛЕН ја нарече коалицијата Таравари–Села–Ахмети „политичка измама“

admin