14.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Американската дипломатија поубедителна од европската?

Од Стејт департментот посочуваат дека заменик-помошникот државен секретар на САД се надева на продуктивни дискуии.

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, доаѓа во Скопје и во рамки на дводневниот престој ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во пресрет на неговата посета оживеаја наративите од „претпреспанскиот период“ со оценки дека повторно се активира т.н. булдожер дипломатија, која треба да направи пресврт во обезбедувањето надвотретинско мнозинство за уставните измени.

Од Стејт департментот посочуваат дека тој се надева на продуктивни дискуии.

„Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО- сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан“, се вели во изјавата на портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.

Иако во неа се спомнуваат „продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери“, вниманието на домашната јавност е насочено кон разговорите со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,која не отстапува од ставот дека „нема да поддржи уставни измени под бугарски диктат“.

Ескобар доаѓа непосредно по посетата на Брисел каде со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово, Мирослав Лајчак, разговарале за создавање клима за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, „но и за други регионални прашања во Западен Балкан“. А посетата на Скопје следи една недела по отпочнувањето на пленарната собраниска процедура за Предлогот за пристапување кон уставни измени,со кои и Бугарите треба да бидат впишани во македонскиот Устав. Тоа е условот без чие исполнување Северна Македонија не може да ја одржи Втората меѓувладина конферениција и да ги продолжи преговорите со ЕУ, кои формално ги почна лани со почетокот на скрининг процесот.

Како што е познато, по усвојувањето на дневниот ред со 70 гласа „за“ и исцрпувањето на дискусијата, претседателот на парламентот Талат Џафери го одложи гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, се до обезбедување двотретинско мнозинство од 80 гласа.

Парламент Северна Македонија
Во македонскиот парламент уште нема потребно мнозинство за уставни измениФотографија: Government of North Macedonia

Бугарските црвени линии – европски линии

Домашни аналитичари се водржуваат од децидни оценки дали посетата на Ескобар би можела да направи некаков пресврт. Проценките се дека разговорите нема да бидат еднократен процес, ниту во стилот „земи или остави“, бидејќи приликите денес се прилично променети на локален, регионален и геополитички план, и се многу поразлични од времето кога слични дипломатски напори беа вложувани за поддршка на уставните промени што произлегоа како обврска од Преспанскиот договор.

Во Бугарија очекувањата за процесот на уставни измени во моментов се мали заради отуството на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но генерална оценка е дека Софија одамна не е во фокусот бидејќи сега сѐ зависи единствено од одлуките во Скопје.

„Сега нема да се стигне до гласање на уставните измени во РСМ. ВМРО-ДПМНЕ сака прво да помине на избори, и новиот парламент во Северна Македонија да донесе или да не донесе таква одлука“ изјави за БНР поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи Милен Кереметчиев.

Според негова оценка РСМ е во ќорсокак.

„Решение не може да има, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не може да добие 2/3 мнозинство на следните парламентарни избори, за да можат целосно да ја променат надворешната политика на државата. Во моментов сѐ е во рацете на нашите западни соседи. Отсега натаму тие треба да донесат одлука. Бугарија треба многу спокојно да ја набљудува ситуацијата во Северна Македонија. Сите акти на насилство, агресија, говор на омраза, треба моментално да бидат пријавувани во ЕК, бидејќи тоа е многу важно за поддршка на бугарската позиција – дека со таков тип на говорење земја кандидат не може да ги исполни критериумите за членство. Оттука натаму притисокот треба да продолжи врз Северна Македонија и да остане таму“, посочува поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи.

Според него,нема притисок од Бугарија кон Северна Македонија.

„На Бугарија веќе не се гледа како на земја која ја спречува Северна Македонија да ги почне преговорите за членство, туку повеќе самата држава си ‘пука во нога’.Бугарија не е негативниот ликво оваа балканска драма. Обратно, ние покажавме дека сме подготвени и на отстапки. Од друга страна има црвени линии кои ние нема да ги поминеме. Но, се покажа дека тие црвени линии се всушност европски принципи и РСМ треба да одговори на тие европски принципи“, вели Керемитчиев.

Тој потенцира дека во исто време Албанија тивко и самоуверено се движи кон членство во ЕУ и дека е реално Албанија да се одвои од РСМ во тој процес. Според него, тоа е уште еден обид за притисок врз Владата на РСМ.

 ВМРО-ДПМНЕ Северна Македонија
Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа тврдењето на власта дека таа е за Европа и европеизацијаФотографија: DW/Petr Stojanovski

Кој е Европа, а кој не е

Европското досие на Северна Македонија и процесот на уставни измени било и во фокусот на разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера во рамки на работната посета на Шпанија остварил средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел. Османи го брифирал шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.

„Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година.

Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта“, рекол Османи.

Како што соопшти МНР, уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем, Османи го поздравил новиот План за развој на ЕК како навремен одговор на македонското барање за повеќе интеграција и бенефити за граѓаните на патот кон пристапно членство.

„Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре“, потенцирал Османи на средбата со Борел.

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа тврдењето на власта дека таа е за Европа и европеизација.

„Власта НЕ Е Европа, тие се обични измамници со куп криминали кои ги нема во Европа“, порачаа денес од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведени триесетина прашања за корупциски и други случаи поврзани со отсуството на реформи, несакнкционирани криминали, тендери, инфраструктурни проекти, состојби во правосудството и во сите други сфери, кои според опозициската партија, говорат дека власта нема никаква врска со Европа.

 

Извор: Дојче веле

Related posts

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

admin

ЕУ ќе купува оружје за Украина и ќе забрани руски медиуми

ninja

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

ninja

Реџепи: Немаме “План Б”, уставните измени мора да поминат

admin

Дали е при крај војната во Украина? Ердоган со стратешки пристап

admin

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

ninja