11.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Михаел Рот ги коментира измените на Кривичниот законик: Без борба против корупцијата нема ЕУ

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг, Михаел Рот, рече дека сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, пренесува Инбокс7.

На Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието, Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик, кое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност.

„Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата“, рече Рот, јавува РСЕ.

Тој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа. Рот порача дека „уставните измени се можеби болни, но се неопходни за да ја вратат земјата на европскиот пат“.

Германскиот парламентарец дојде во Скопје како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.

Related posts

Европол алармира: Балканските криминални мрежи станаа дел од глобална империја вредна милијарди евра

admin

Народната банка слави 80 години

admin

„Една црква“, а од Скопје тивка реакција: СДСМ го нападна Мицкоски за односот со Вучиќ

admin

Курти, Пленковиќ и Ѓукановиќ против Србија? Вучиќ ја заострува реториката пред изборите

admin

Сенатори: Шефот на одбраната ја преувеличил американската „победа“ во Иран

admin

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

admin