25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Под лупа: Хеј, каде води сето ова?

Или: што стои зад најновата хајка само против ДУИ и нејзините кадрови?

Пишува: Сељадин Џезаири

Во пресрет на претстојните избори и изборните комбинаторики, кога и да бидат, во последново време испливаат на прв план остри критики врз главната политичка партија на Албанците – ДУИ. Би рекол од сите страни и – со сите орудија. При тоа се удира на позицијата која во моментов е во центарот на вниманието во државава: министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој, патем речено, слови како најистакнат шеф на дипломатијата во регионот. Неспорно е дека Османи во континуитет, прво како Вицепремиер за Европски прашања, а потоа и како шеф на дипломатијата, внесе нов дух во надворешната политика на земјата а и кога станува збор и за присуството на албанскиот политички сегмент во општо. Впрочем, неоптеретените набљудувачи забележат дека 44-годишниот Османи, по професорот Денко Малески, слови како најдобар наш прв дипломат во досегашната историја на земјата.

Е сега, за поставеното прашање: што стои зад најновата хајка само против ДУИ и нејзините кадри?

Деновиве во центарот на вниманието се најде тендерот за адаптација на салата „Борис Трајковски“ за потребите нa министерскиот состанок на ОБСЕ, кој есента ќе се одржи токму во главниот град на земјата. Избраната фирма „Еуровиа” победила оти „понудила најниска цена што е единствен критериум таа да биде прифатена од страна на МНР. Секој друг избор би бил прекршување на законот и оштетување на буџетот” – изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, најавувајќи дека целата документација ќе биде доставена до сите надлежни институции.

Министерската конференција на ОБСЕ, во декември во Северна Македонија, ќе биде највисокиот настан и најголемиот меѓународен успех на земјата, секако и заслуга на Бујар Османи. Скопје се очекува да биде месото каде за прв пат после многу години ќе се сретнат американскиот државен секретар, Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Замислете, нивен домаќин ќе биде токму Бујар Османи!

Случајот “Eуровиа”, затоа, е доказ дека во пресрет на парламентарните избори, постоењето на таканаречениот “хибриден политичко-економски центар против ДУИ”, не е изум на нејзиниот неприкосновен лидер, Али Ахмети, туку нешто што, следејќи ги разните спинови, се повеќе и повеќе зема замав. Секако, целта е да се елиминира позицијата најголемата партија на овдешните Албанци во општеството (сетете се што се беше направено против Партијата за Демократски Просперитет 90-те години!) а тоа може да се постигне токму со оцрнувањето на најистакнатите нејзини кадри (освен Османи, нели тука е и првиот заменик претседател на Владата, Груби, тука е претседателот на Собранието на РСМ, и да не го заборавиме и договорот Ахмети-Заев за временската позиција Премиер Албанец)!

Оттука, пазарењето за уставните измени или за еднонационална – чисто македонска влада, би рекол дека се добра можност одново да заживеат и познатите, по лошо, полициски структури и „да се вклучат“ во тоа во што се најдобри – фабрикување случаи против политичарите етнички Албанци!

На хибридниот „олигархиско – политички центар“, при тоа, добредојдено му е партиското шаренило во албанскиот опозициски блок, распарчен во 7-8 партии, од сонот дека утре (кога на изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ) и за нив ќе се најде „место под сонцето“!
До тогаш, секако ќе следат удари и во неколкуте други столбови: бизнис олигархијата веќе долг период активно произведува фиктивна инфлација за
да ги тргне конците за контрола на пазарот што ги држи Министерот за
економија – Крешник Бектеши. На нишан не се исклучува да се најде и првиот парламентарец, Џафери, како уште еден од столбовите на албанскиот удел во општествените текови на РСМ.

П.С.

Се залагам за владеењето на правото, за борба против корупцијата, за
транспарентност, но сум против начинот да се дискредитираат луѓето, дури и да се работи за политичари, само затоа што „не се наши“! Нели, сите бараме
и се залагаме за однесување според правилата на играта? Се друго е скап,
ептен скап, би рекол „рачун без крчмарa“(есап без меанџија)!

Related posts

Тонеме длабоко за срамот да нема од каде да избие

admin

Политички булинг

admin

Сив туризам

admin

ЗОШТО НЕ СЕ НАЦИОНАЛИЗИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР?

admin

ПОПУЛИЗМОТ НА РАМА И КРАЈОТ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

admin

БАЛКАНИЗАЦИЈА

admin