18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Зошто власта и опозицијата не можат да договорат изборни датуми?

Пишува: Џелал Незири

Власта и опозицијата, очигледно, имаат различни изборни стратегии. ВМРО-ДПМНЕ бара двојни избори во ист ден за да ја материјализира досегашната поддршка што ја има и да спречи пропаѓање на претседателските избори. Мицкоски веќе подолго време бара предвремени парламентарни избори и бара тие што поскоро да се одржат. Законски, земјата мора да има избрано нов претседател до мај, додека конкретен рок за парламентарните избори нема, иако тие би требало да се одржат во јуни.

Од друга страна, СДСМ купува време за парламентарните избори со надеж дека по уставните измени граѓаните ќе ги почувствуваат директните придобивки од евроинтеграциите, преку пристап до развојните фондови на ЕУ, со што би се ублажило сегашното расположение против уставното промени, кои очекувано имаат негативно влијание врз рејтингот на партијата.

Ова наддавање со датум може да се поврзе и со кандидатите за претседател на државата. СДСМ по се изгледа има неколку потенцијални кандидати, кои може да се сметаат за фаворити бидејќи можат да добијат повеќе гласови од партијата. ВМРО-ДПМНЕ се уште нема таков политички профил. Затоа, преку претседателските избори, СДСМ сака да го тестира рејтингот на партијата, но и капацитетот на коалицијата, со оглед на фактот дека можат да одат со заеднички кандидат со ДУИ и остатокот од власта, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека сегашниот рејтинг на партијата, покрај парламентарното мнозинство, може да им носи и претседател на држава.

Надвор од партиските математики, двојните избори во еден ден имаат свои предности и недостатоци.

Предностите се поврзани со финансиските средства што може да се заштедат, но да се избегне подолги парализирање на институциите заради последни изборни циклуси. Организацијата на последните парламентарни избори во 2020 година чинеше 9,2 милиони евра, од кои државата 3,2 милиони евра им беа исплатени на партиите за медиумска кампања. За претседателските избори 2019 година, на кои победи актуелниот претседател Стево Пендаровски, потрошени се 7,9 милиони евра. Од нив речиси 3,8 милиони евра од буџетот се потрошени за медиумска кампања на кандидатите. Покрај трошењето на парите на граѓаните, организирањето два пара избори во една година може долго да ги блокира институциите бидејќи се прекинуваат тендери, вработувања и други активности кои можат да влијаат на изборниот резултат.

Од друга страна, двојните избори во ист ден имаат и негативна страна. Потешки се за спроведување и создаваат конфузија кај гласачите бидејќи се соочуваат со многу гласачки ливчиња, кутии, ветувања и кампањи.

Претстојните парламентарни избори се 11-ти по ред од осамостојувањето на Северна Македонија, а шести за претседател на државата. За разлика од парламентарните, претседателските имаат изборен праг. Тие може да бидат валидни само доколку во вториот круг гласале над 40 проценти од граѓаните со право на глас. Во спротивно изборите пропаѓаат, а до изборот на бов шеф на државата должноста ја обавува претседателот на Собранието.

Related posts

Дали Курти ќе ги победи политичките партии на Албанците во Македонија?

admin

Под лупа: Хеј, каде води сето ова?

admin

ДЕНОТ НА ЖЕНАТА: ПОМАЛКУ ЛИЦЕМЕРИЕ, ПОГОЛЕМА СОЛИДАРНОСТ

admin

ГРАНИЦИТЕ НА НАШИТЕ УМОВИ

admin

122 години oсаменост

admin

МЕНГЕМЕ НА “ТОЛПАТА“ НА ГУСТАВ ЛЕ БОН

admin