21.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почна состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони

Претпладнево во Скопје почна состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е македонскиот претседател Стево Пендаровски. Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите се во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони, јавува РСЕ.

На состанокот, покрај претседателот на Северна Маедонија Стево Пендаровски, учествуваат и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во улога на ко-домаќини, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, албанскиот претседател Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Пред официјалниот почеток на состанокот, Пендаровски оствари билатерални средби со косовската претседателка Османи и со претседателот на Албанија Бегај.

Во тек е пленарен состанок на лидерите учеснички на процесот брдо Бриони, по што ќе следи заедничка прес-конференција на Пендаровски, Пирц Мусар и Милановиќ.

Пред одржувањето на состанокот, Милановиќ, како што пренесуваат дел од медиумите, изјавил дека се надева оти средбата во Скопје нема да заврши како претходните две во „кавга меѓу раштимани инструменти“ и кршење копја при усвојувањето завршна декларација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот инстаграм профил им се заблагодари на Пендаровски, Пирц-Мусар и Милановиќ за како што напиша, топлото добредојде и можноста да разговара за некои од клучните принципи на регионалната соработка, одржливиот развој, климатските промени, но и политиката за проширување на ЕУ, како стратешка точка за понатамошни односи во рамките на европски континент.

„Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан“, напиша претседателот Вучиќ на Инстаграм.

На минатогодишниот самит конечната декларација не беше усвоена бидејќи хрватскиот претседател побара во документот да се спомене уставот на трите народи во Босна и Херцеговина, што не беше договорено од двајца членови на нејзиното Претседателство.

Една година пред тоа учесниците прифатија само компромисен текст на завршната изјава поради расправиите меѓу косовската претседателка, Вјоса Османи и српскиот лидер, Александар Вучиќ.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно. На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се присутни околу стотина претставници на медиумите, од нашата држава и од странство.

Related posts

ИНФОГРАФИК Мажите најкратко живеат, годините на КОВИД-19 со поголем број на умрени

admin

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

Мицкоски: Политички лешинари и платеници на власта ме напаѓаат, СДСМ и ДУИ нека кажат која опција е прифатлива за нив

admin

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

ninja

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“

admin

Интегрален текст на Манифестот за ЕУ: Собранието да ги усвои уставните измени

admin