9.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Доцова до Гаши: Европскиот договор од 2022 не се преговара повторно

Бугарија очекува Северна Македонија да ги спроведе обврските преземени во рамките на европскиот консензус од 2022 година, вклучително и уставните измени, и бара институционален одговор на, како што ги оцени, зачестените антибугарски инциденти во земјата.

Ова го изјави претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, по средбата во Софија со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Доцова рече дека на средбата изразила загриженост поради, како што наведе, „антибугарските однесувања“ и неодамнешниот напад врз возила на бугарската дипломатска мисија во Скопје.

„Очекуваме праведна казна за сторителите за јавноста да види дека постои соодветен одговор на вакви неприфатливи дејствија“, изјави Доцова.

Таа повтори дека договорената рамка за евроинтеграција на Северна Македонија не е предмет на нови преговори.

„Европскиот консензус од 2022 година не подлежи на повторно договарање. Потребно е да се спроведат уставните измени“, рече таа.

Според официјална Софија, внесувањето на Бугарите во Уставот останува клучен услов за продолжување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

И покрај политичките несогласувања, Доцова оцени дека е позитивен сигнал обновувањето на парламентарниот дијалог меѓу двете земји. Таа потврди дека прифатила покана за официјална посета на Скопје.

Од кабинетот на Африм Гаши соопштија дека на средбата била истакната потребата двете земји да се насочат кон иднината, европските вредности и регионалната стабилност, наместо кон прашања од минатото кои ги оптоваруваат билатералните односи.

Односите меѓу Скопје и Софија остануваат чувствителни поради споровите околу историјата, правата на лицата кои се идентификуваат како Бугари во Северна Македонија и спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

Северна Македонија ги започна пристапните преговори со Европската Унија во 2022 година по усвојувањето на таканаречениот француски предлог, кој предвидува уставни измени како предуслов за отворање на следната фаза од преговарачкиот процес.

Related posts

Владата жестоко удри по новинар: Што навистина се случи со Јаневска?

admin

Шокантен раст на цените: Изградбата на станови во ЕУ поскапе за речиси 50% за една деценија

admin

Мицкоски од САД предизвика бура реакции во Грција

admin

Професор Садудин Ибраими избран за нов ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа

admin

Трамп не го доби Гренланд, но добива нешто друго: Што стои зад договорот што го поздрави НАТО

admin

Грција, Северна Македонија и Србија договорија проширување на „Вертикалниот коридор“

admin