23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДУИ: Општина Тетово и Владата не ги заштитиле имињата на улиците и плоштадите, бараме одговорност

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Општина Тетово и Владата дека не ги презеле потребните чекори за одбрана на одлуката за именување на улиците, плоштадите и инфраструктурните објекти во Тетово, откако Уставниот суд ја укина одлуката донесена во 2007 година.

Партијата се повика на образложението на Уставниот суд, во кое се наведува дека Судот четири пати побарал документација од Општина Тетово, а три пати од Владата, но бараните документи не биле доставени.

Според ДУИ, станува збор за „сериозен институционален скандал“ кој покажува дека институциите предводени од коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ не презеле ниту основни чекори за заштита на одлуката.

„Во седум наврати институциите не постапиле по барањата на Уставниот суд. Граѓаните имаат право да знаат кој одлучил Општината да не ја брани одлуката и кој одлучил Владата да молчи“, соопштија од ДУИ.

Од партијата оценуваат дека наместо да се заштити одлука која повеќе од две децении била дел од урбаниот идентитет на Тетово, надлежните институции избрале да не дејствуваат.

Во образложението на Уставниот суд се наведува дека Општина Тетово не доставила доказ дека побарала согласност од Владата за листата на имиња, ниту пак бил доставен акт со кој Владата дала согласност, како што предвидува Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти.

Судот соопшти дека поради недостигот на таква согласност бил прекршен членот 5 став 2 од законот, според кој претходна согласност од Владата е задолжителен услов за донесување одлука за промена на имиња на улици и јавни објекти.

ДУИ побара политичка одговорност од Општина Тетово и Владата, оценувајќи дека последиците од, како што наведуваат, институционалната неактивност денес ги чувствуваат граѓаните на Тетово.

Related posts

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

admin

Едни „работеле“, други замижувале

admin

„БЕЛА ЧУМА“ ЈА ДЕСЕТКУВА МАКЕДОНИЈА

ninja

ЕУ го воведува новиот систем за влез и излез: Што е ЕЕС?

admin

Доматите, краставиците, праските стануваат „суво злато“ – намаленото производство ги покачи цените

admin

Гласот на граѓаните се слуша, но дали ќе донесе трајни промени?

admin