24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сарацин со директна порака: Ризикувате многу ако не ги изгласате уставните измени

Германскиот пратеник за Балканот, Мануел Сарацин, рече денеска во Скопје дека не треба да се потценува временскиот период за донесување на уставните измени, кои се предуслов да се отворат првите поглавја во преговорите за членство во ЕУ, јавува Инбокс7.

“Без уставни измени Македонија може да биде одвоена од другите на патот кон ЕУ”, порачал Сарацин.

Северна Македонија, според него, ризикува многу ако не ги усвои уставните измени во наредниот период.

“Имајќи ја предвид можноста за отворање преговори со Украина во декември оваа година, ризикот од одвојување на земјата од останатите, без исполнување на потребните европски барања е неизбежен”, вели Сарацин.

Тој оствари средби со политичкиот врв во земјата, со кои разговараше за актуелните состојби во контекст на интеграцијата во ЕУ. Вели дека Сојузна Република Германија посакува процесот на уставни измени да се заокружи што е можно поскоро.

Од власта добил благодарност за континуираната поддршка од Германија за евроинтегративниот процес, додека од опозицијата му биле упатени истите пораки дека Владата нема легитимитет за уставни измени и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.

Сарацин на средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, потенцирал дека многу време е изгубено во регионот, а тековната динамика во ЕУ за забрзување на процесот на проширување не смее да се пропушти. Од тие причини, според него, важно е како ќе биде формулирано прашањето за донесување на уставните измени, но уште поважно е да не се потценува временскиот период за нивно донесување.

 

Related posts

Попис за отпис на резултатите: Македонците со декларација

admin

САД разговараа со ЕУ за Западен Балкан

admin

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin

Меџити не ја исклучува можноста за кандидатура во Чаир, најавува „артиљерија“ против Османи

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

СДСМ: Куќниот притвор за Груби потврдува дека постои договор

admin