18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Средба Мицкоски-Сарацин, дали ќе поминат уставните измени?

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му го повторил партискиот став на специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, дека нема да ги поддржат уставните измени.

“Во однос на уставните измени, оваа влада нема легитимитет за таков чекор и прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.”, рече Мицкоски на средбата со Сарацин, каде присутни биле и потпретседателот Александар Николовски и членот на ИК Антонио Милошоски.

На средбата се разговарало и за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

“Истакнав дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција.”

“Разговаравме и за реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.”, рече Мицкоски.

 

 

Related posts

За пет години, десет фирми добиле тендери во вредност од милијарда евра

admin

Politico: Победници и губитници на пресудниот самит на ЕУ за Украина

admin

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

Кој управува со Иран?

admin

Свечла му порача на Вучиќ: Ако се обиде да влезе во Косово, ќе го уапсиме

admin

Мицкоски ја прекрои Владата: Клековски во Здравство, Стоилковиќ стана “шеф” на градоначалниците

admin