36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Каде се европските пари од Еразмус?

Македонската политичка сцена повторно се соочува со обвинувања за злоупотреба на европските фондови наменети за млади и образовни проекти преку програмата „Еразмус+“, во пресрет на локалните избори. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за милионски злоупотреби, додека јавноста бара одговори каде завршиле европските пари.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поединци блиски до СДСМ добивале грантови од по 200 илјади евра „како од шала“, вклучувајќи проекти за „тренинг на магариња и правење сирење“.

„205 илјади евра од ‘Еразмус+’ завршиле кај брат на пратеник на СДСМ“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ возврати дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја штитела Националната агенција за европски образовни програми, која го спроведува „Еразмус+“. Според нив, в.д. директорката на агенцијата била вклучена во скандал што го истражувала Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

„Власта е фатена жива, со рацете во европските фондови“, соопштија од СДСМ.

Горан Велковски, брат на поранешниот пратеник на СДСМ Диме Велковски, преку социјалните мрежи негираше дека проектите се однесувале на дресирање животни. Тој објасни дека училиштето „Ѓорче Петров“ од Кавадарци добило финансирање за практична обука на ученици во Хрватска, која опфаќала работа со копитари.

СДСМ посочи на извештај на ОЛАФ доставен до македонското обвинителство, во кој има „основано сомнение за злоупотреба на над два милиони евра“ и идентификувани се повеќе од 50 лица и организации во Македонија и пет земји-членки на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ возврати со контраобвинувања, тврдејќи дека грантови од „Еразмус+“ добивале и луѓе блиски до СДСМ, меѓу кои и Љубомир Фрчкоски, кој како ректор добил 200 илјади евра, а дел од проектот го водел додека бил амбасадор во Њујорк.

Партијата бара итна и целосна кривична истрага за, како што велат, „шемата преку која исчезнале осум милиони евра европски пари“.

 

Related posts

Мерц: Силата на НАТО не зависи само од бројот на војници

admin

Орбан: ВМРО-ДПМНЕ – една од најуспешните политички сили во Европа

admin

Од европска империја до американски санкции: Како Али Ансари стана финансиски симбол на иранскиот режим

admin

Унгарскиот премиер Маѓар во Брисел бара деблокада на европските фондови, ЕК останува претпазлива

admin

Путин победи на брутално лажирани избори

admin

Турција гради ново одбранбено партнерство – што значи пактот со Саудиска Арабија и Пакистан?

admin