26.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Почина Субрата Рој, бизнисменот кој беше најавен како спасител на македонската економија

Контроверзниот бизнисмен  а Индија, Субрата Рој, пичинал денеска во неговата родна земја, јавува Инбокс7.

“Со длабока тага Сахара Индија Паривар ја известува смртта на нашиот почесен „Сахарасри“ Субрата Рој Сахара, управен работник и претседател на Сахара Индија Паривар”, се вели во соопштението на компанијата. “Сахарасри инспиративен лидер и визионер, почина на 14 ноември 2023 година во 22.30 часот поради кардиореспираторен застој по продолжена битка со компликации кои произлегуваат од метастатски малигнитет, хипертензија и дијабетес. Тој беше примен во болницата Кокилабен Дирубаи Амбани и Институтот за медицински истражувања (KDAH) на 12 ноември 2023 година по влошување на здравјето”.

“Неговата загуба длабоко ќе ја почувствува целата Сахара Индија Паривар. Сахарасри беше водечка сила, ментор и извор на инспирација за сите кои имаа привилегија да работат заедно со него. Сахара Индија Паривар е посветен на одржување на наследството на Сахарасри и ќе продолжи да ја почитува неговата визија во возењето на нашата организација”, се вели во соопштението на Сахара, потпишана од Гулам Зеешан, портпарол на компанијата.

Но кој е Субрата Рој и што го поврзува со Република Северна Македонија?

САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕДОВРШЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ЕДЕН КОНТРАВЕРЗЕН БИЗНИСМЕН

Со широка насмевка и преполн со оптимизам, како актер од боливудските филмови, во јуни 2012 година Рој дојде во С.Македонија, тогаш 66-годишен. Облечен во бела кошула со кратки ракави и со црн јелек, едно помодерно издание на индиската традиционална облека, тој во С.Македонија беше претставен како спасител на домашната економија.

Се сретна со поголемиот дел од тогашните министри, со градоначалникот на Охрид и со тогашниот премиер Никола Груевски. Неговите планови, кои беа обелоденети по средбите, предвидуваа изградба на туристички комплекс на охридското крајбрежје, фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Со овие и останатите најавени инвестиции се очекуваше вработувања на над 3 илјади невработени во С.Македонија. Се оценуваше дека ова ќе значи голем успех за земја со тогаш 30 отсто невработеност.

Како подарок, Рој најави изградба на споменик на Мајка Тереза во плоштадот на Скопје.

„Кога прв пат слушав за Македонија знаев дека Мајка Тереза е родена тука. Јас често се дружев со неа”, рече тогаш Рој,  во интервју за една локална Македонска телевизија.

Потоа тој зборуваше и за првата средба со екс премиерот Груевски и екс министерот за Финансии Зоран Ставревски.

„Вашиот премиер и министер за финансии дојдоа во Индија. Ги сретнав во Делхи. Ми делуваа како прекрасни човечки суштества. Потоа јас дојдов тука, и во Охрид. Се среќавав со луѓе тука, заклучив дека се толку невини, добри, фини човечки суштества. Им реков на моите луѓе да направат филм за ова земја. Потоа ќе привлечеме снимања тука од Боливуд и Холивуд. Верувајте дека само со големи филмови една земја се појавува во светската мапа”, изјавуваше Рој.

Целата негова авантура во С.Македонија се случуваше во време кога во неговата матична земја Индија, му се стеснуваше просторот за делување.

По одлука на Врховниот суд на Индија, донесена во август 2012-та година, неговите компании „Сахара„ требаше да вратат околу 5 милијарди американски долари на милиони инвеститори кои биле измамени во градежниот бизнис.

СЕРИОЗНИ ИНДИЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА

Овој скандал почна во 2010 година, кога еден од сметководителите на „Сахара” Рошан Лаи испрати писмо до Комисијата за хартии од вредност на Индија (СЕБИ) за да се истражува издавањето на хартии од вредност во градежништвото од страна на компаниите на Рој.

После четири години истрага, во февруари 2014-та година Рој е уапсен од индиските власти. Нему му е дозволено да комуницира од затвор со цел да го продаде неговиот имот во и надвор од Индија и да ги собере потребните пари за обесштетување на инвеститорите.

Владата во С.Македонија се бранеше со активирање на банкарската гаранција од 3 милиони евра, која „Сахара” ја имаше приложено како гарант за исполнување на обврските за инвестицијата во комбинатот Џумајлија.

СИТЕ КОМПАНИИ НА САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА

Луѓето на „Сахара„ во С.Македонија, во 2027 година, имаа регистрирано вкупно четири компании.

Првата регистрирана фирма е Друштво за градежништво и услуги Сахара Глобал Цом ДОО Скопје, која датира од 16 август 2012, две месеци по првата посета на Рој во Македонија. Како основач се јавува самиот Субрата Рој Сахара, заедно со неговиот втор син – 37 годишниот Семанто Рој. Вкупната основна главнина е само 5 илјади евра, од кој 2.600 гласат на име на Субрата додека останатите 2.400 на име на Семанто.

Втората компанија е регистрирана на 24 август 2012, и гласи на името на првиот син на Субрата – 39 годишниот Сушанто Рој. Фирмата во Централниот регистер на Македонија е заведена под називот Друштво за преработка на земјоделски производи Сахара Пуре Еатаблес Цорпоратион Лимитед Доел Скопје. Основниот влог е 5 илјади евра додека кај адресата на Сушанто се нагласува дека е државјанин на Република Македонија. Користејќи го законското право за доделување на државјанство на странски инвеститори кои ќе инвестираат над 400 илјади евра, Сушанто и неговата сопруга Свампа сега имаат македонски пасоши.

Според доставениот финансиски извештај, вкупните средства со кои располагала компанијата во 2013 година се 9.1 милиони евра. Околу 3.6 милиони евра се постојани средства, околу 5.5 милиони се тековни средства, околу 4 милиони се капитал и резерви додека околу 5 милиони евра се пријавени како краткорочни и долгорочни обврски.

Вкупните приходи за 2013 година изнесуваат околу 2.3 милиони евра, додека добивката за деловната година изнесува околу 200 илјади евра. Просечната исплатена нето плата во ова компанија изнесувала 14.802 денари.

Третата компанија е регистрирана на 14 декември 2012 година, со називот Друштво за градежништво, услуги и развој Сахара Глобал Доел Скопје. Како основач се јавува странската фирма Аамбу Валлеу (УК) Лимитед, со седиште во Лондон, Англија. Во официјалните документи на Обединетото Кралство како директори на оваа моќна компанија фигурира самиот Субрата, со неговите двајца синови – Семанто и Сушанта, неговиот брат Свампна како и лицето Ом Пракач Свикатрава, сите од Индија. На ова позиција сите стапнале во 9 јули 2012 година.

Според финансискиот извештај на оваа компанија која брои 9 вработени, во текот на 2012 немала скоро никаков обрт на средства. Но, во текот на 2013 година како приход се наведени 520.8 милиони евра, од кои 459.8 милиони евра се трошоци а вкупната добивка изнесува 75.4 милиони евра.

Како вкупни средства со кои располага компанијата се наведени над 1 милијарда евра, околу 335 милиони се постојани средства, околу 687 милиони се тековни средства, околу 361 милиони се капитал и резерви додека околу 650 милиони се наведени под графата „долгорочни и краткорочни обврски„. Во текот на 2013, просечната нето плата во оваа компанија изнесувала 13.939 денари.

Четвртата компанија е Друштво за трговија МАРИНЕ ХОСПИТАЛИТИ ДООЕЛ Скопје,  основана исто така од лондонската фирма Аамбу Валлеу (УК) Лимитед.

Во финансискиот извештај доставен до македонските институции е пријавено дека компанијата во текот на 2013 година располага со околу 245 илјади евра. Околу 155 се постојани средства, околу 90 илјади се тековни средства, капитал и резерви се пријавени околу 82 илјади евра додека краткорочни и долгорочни обврски се околу 163 илјади евра.

Компанијата остварила вкупни приходи во вредност од околу 150 илјади евра, при што остварила добивка од околу 34 илјади евра. Според документите, просечната нето плата исплатена од ова компанија изнесувала 9.045 денари.

Според документите, само прво регистрираната фирма Сахара Глобал Цом ДОО Скопје нема доставено никаков извештај за биланс на работа и биланс на успех за 2013 година. „Субјектот нема доставено годишна сметка или известување дека нема деловна активност за 2013 година„, стои во документот на Регистарот за годишни сметки на ЦРМ.  Во 30 ноември 2013 година е одобрена постапка за ликвидација на компанијата, но останува непозната нејзината деловна активност за време на едногодишното функционирање во С.Македонија.

Овие инвестиции беа подлога за да им се даде македонско други на неколку членови на семејството на Рој, кои исто така беа под истрага во Индија.

Related posts

БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОДИ ДО УШТЕ ПОГОЛЕМ АПСУРД, ВЕЛИ ЈОРДАНОВА

ninja

Советникот на Курти во С.Македонија: Ве плаши политичкиот потенцијал на Курти

admin

ОСМАНИ: НИТУ ЕДНА ВЛАДА, НИТУ ЕДНО ОПШТЕСТВО, НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ ЗАКОЧЕНИ ДОЛГОРОЧНИ ЕУ-ПЕРСПЕКТИВИ

ninja

Мендух Тачи: Ако Мицкоски освои над 61 пратеник, ќе има конфликт

admin

Груби најавува голема инвестиција од Белгија, 600 нови работни места со над 900 евра месечна плата

admin

Блинкeн во посета на Кина, има ли простор за смирување на тензиите во односите помеѓу двете држави?

admin