9.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Анализа на РСЕ: Ние НЕ сме Европа

Зошто ние НЕ сме Европа? Здравство во хаос, правосудството не функционира, корупцијата неказнива, закони за заштита на функционери, пишува РСЕ на македонски јазик во последната анализа, пренесува Инбокс7. 

“Може ли да се случи во Европа, од државна клиника да се крадат лекови за болни од рак и да се препродаваат? Не е исклучено, но малку веројатно, а евентуална афера од такви размери би имала брза и ефикасна разрешница, и кривична и политичка. Веројатно би паѓале и цели влади.”

“Но, ние не сме Европа. Кај нас одамна се зборуваше дека се крадат цитостатици од клиниката, дека на пациенти, болни од рак, им се ускратува терапија, но никој надлежен не обрнуваше внимание. Сега, кога „пукна“ аферата, сите се згрозени и бараат одговорност, како прв пат да слушаат за овој проблем.”, се вели во текстот, за понатаму да се спомнат неколку афери.

Афера “онкологија”

Основното јавно обвинителство на 2 септември отвори предистражна постапка по објавите на медиуми дека имунолошка терапија од цитостатиците, од која зависи животот на пациентите болни од рак, постојано доцни, но и дека во неколку наврати вработени на клиниката биле фатени како ја крадат и ја препродаваат неопходната и скапа терапија.

Обвинителството на 4 септември соопшти дека работата ќе ја истражат до крај, а евентуалните сторители ќе завршат пред Суд.

Ретко кој верува дека Обвинителството ќе го истурка овој случај до крај и оти ќе одговараат и „крупните риби“ во скандалот. Такви се досегашните искуства. На пример, со пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе, а никој не заврши во затвор и никој не понесе ни политичка одговорност.

Трагедијата со тетовската болница

Протестираат тетовчани, барајќи правда, протестираат во Скопје за аферата во Клиниката за онкологија, но, кој да ги слушне?

“Ние не сме Европа. Кај нас, за специјалистички преглед се чека со месеци. За некакво снимање, исто, за да ви да ги прочита некој резултатите уште еден месец. А дотогаш? Брза помош – невозможна мисија.”, се вели во анализата

На сето ова во државава веќе се гледа како на „нормално“.

Последните случаи во македонското здравство, за кои нема решение, беа недостигот на терапија за болните од цистична фиброза и дијабетис. Државата има проблем да го набави лекот „трикафта“, за вкупно 130 болни од цистична фиброза во земјава. Лекот ја олеснува болеста и пациентите може да функционираат без проблеми.

 

 

Related posts

Невидливиот обвинител – Една година од мандатот на Ислам Абази

admin

ЕП: РУСИЈА Е „ДРЖАВА СПОНЗОР“ НА ТЕРОРИЗМОТ

ninja

Март изгор поскап од февруари- 1.000 евра месечно за храна

admin

КОЈ Е МИРОВНИОТ ПРЕДЛОГ НА КИНА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

admin

ЗАМИНУВА ГОДИНАТА, АМА НЕ И ПРОБЛЕМИТЕ

ninja