24.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

За убиството на Косовскиот полицаец

Пишува: Ивон Величковски 

Бањски манастир, Косово е цената на политиката на “примирување” кон Србија и диспропорционалниот притисок кон Косово.

Appeasement-от не е непознат.
Применет од помирливите, тој е само одлагање на неминовното насилство на кое од почеток е подготвен – насилникот.
Во Европа најексплицитно илустрирано низ Минхенската криза 1938.

По таа логика, досегашниот притисок за безусловно прифаќање на Заедницата на етнички (српски) општини врз Приштина личеше на обид за доведување на Курти во позицијата на чехословачкиот премиер Бенеш, од кого, во име на “примирувањето” на крајот се барало безусловно предавање на Судетските области.

Затоа по убиството на косовскиот полицаец во Бањски манастир и акцијата против вооружената група, во регионот и во Северна Македонија, а особено во ЕУ и САД треба да се тргнат “розовите очила”.

Ова не е обид само за одржување на статус-кво/duty free криминалната зона на северот на Косово.

Ова е обид за фактичко исцртување на “судетски области” во Западниот Балкан. Со сите последици потоа.

Толеранцијата на Брисел и Вашингтон кон движењето на криминалот и корупцијата, но и на неговата “Вагнер/Ноќни волци” логистика:
– по линијата БиХ (Република Српска) – Србија – Косово – со разгранување кон Северна Македонија и Црна Гора,
– во име на приближување до решение меѓу Белград и Приштина без меѓусебно признавање
… не може да даде позитивен резултат за ниту една од овие земји, ниту за регионот.
Освен за Москва.

 

(Фејсбук статус на авторот)

Related posts

Отворен став до Рамадани и политичарите во Македонија!

admin

Историска заедничка одлука за платите во јавниот сектор: системско и одржливо решение

admin

Срам

admin

За извештајот до скрининг процесот за Северна Македонија

admin

Пет причини за граѓаните да инвестираат во граѓанската обврзница – петка за граѓаните

admin

Отворен Балкан, Хроника на една предскажана смрт

admin