3.8 C
Скопје
7 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

Со неколку кликови ќе можете да проверите и да се спореди – Која банка колку ви наплаќа за вадење пари, проверување на сметка, плаќање на режиски трошоци… Некои банки се „поскромни“, но има и такви кои „дерат“ со провизии. Но во помалите градови граѓаните немаат избор – има само по една банка, пишува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Народна банка ја објави алатката што се чекаше со месеци и преку која граѓаните ќе може да видат која банка колку наплаќа за услугите што ги нуди. Граѓаните на тој начин ќе може да направат споредба и да одлучат каде им е најисплатливо да платат сметки за комуналии, да отворат денарска или девизна сметка, да користат електронско банкарство, или пак за кредити, картички, трајни налози…

„Не проверувам веќе на банкомат, колку пари имам на сметка, оти и за тоа се наплаќа, два-три пати е бесплатно, после и за тоа земаат пари. Се префрлив на електронско банкарство и таму имаа провизии, ама е поевтино отколку на банкомат. И сметките за комуналии си ги плаќам онлајн, поради пониските провизии“, вели педесетгодишната Весна. Таа ги убедила и нејзините родители – пензионери, сметките да им ги плаќа онлајн за да не плаќаат повисоки провизии.

Весна вели дека пред да оди во банка, сега ќе ѕирне и во новата алатка на Народна банка, за да знае, како што вели, на која врата на чукне, без тоа да ја чини многу.

Но, не сите граѓани имаат можност да избираат на која банка ќе ги користат услугите. Во помалите градови во земјата, неретко се случува да има експозитури на една или две банки, а повозрасните граѓани не користат интернет банкарство.

Алатката на Народна банка произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи, кој стапи на сила од почеток на годинава.

Related posts

Флорида ги брои трошоците за ураганот Милтон во услови на политичка бура

admin

Напорот на Русија да се врати на Месечината заврши со срамен крај

admin

Советот на Јавни Обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

admin

Германија и Франција заедно сочинуваат половина од жителите на ЕУ

admin

Мицкоски: Владата го усвои предлогот за кредитот од Унгарија

admin

Намалените казни ќе влијаат и врз примената на ПИМ

admin