7 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова пракса по измените на КЗ: Зошто застаруваат предмети?

По измените на Кривичниот законик, речиси секој ден застарува по некој предмет отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство. Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката Славица Грковска денеска прстот го вперија кон судството, коешто според нив е виновно за бавните постапки и за застарувањето на предметите, со што дел од обвинетите се спасија од кривичен прогон за дела поврзани со злосторничко здружување и злоупотреба на службената должност, пишува ДВ, пренесува Инбокс7.

Последен пример е одлуката на Кривичниот суд во Скопје кој во вторникот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот „Таргет-Тврдина” за Горан Грујевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина обвинети поради застарување. Измените во Кривичниот законик го отворија патот и за застарување на случајот „Топлик“, а пред неколку дена и на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски му застаре едното дело за случајот „Моќник”, но ќе продолжи да му се суди за измама.

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, прстот го впери кон судството. Вели дека се уште има време за да има разврска на предметите кои ги отвори СЈО, но дека се зависи од правосудниот систем.

„Ова е предмет којшто пет години се водеше во судските лавиринти, уште повеќе Апелација неоправдано го држеше девет месеци и бевме свесни дека е близу до ризик од застарување уште минатата година кога се случи одлуката на Апелација“, вели Грковска. Таа апелираше на одговорност на правосудните органи.

„ Сѐ уште има доволно време, после толку години, случаите од СЈО да се процесираат и во една ефикасна и правична процедура да завршат и правосудните органи да покажат дека судат исклучиво по закон, без разлика на тоа за кого станува збор. Да не се однесуваат како поголеми политичари од политичарите“, рече вицепремиерката.

И премиерот Димитар Ковачевски вели дека одговорите за застарувањето на предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, треба да се бараат во бавната судска постапка, а не во измените на Кривичниот законик.

„Никогаш досега не сум коментирал судски постапки. Случајот е започнат уште во 2015 година, тој е во второстепена постапка веќе три години, меѓутоа во текот на тие осум години не бил завршен како случај. Така што, сите одговори за ефикасноста во однос на решавањето на случајот може да го дадат единствено оние коишто работеле на него“, рече Ковачевски.

Тој е дециден дека измените биле предложени и донесени поради усогласување, а не заради одредени повеќегодишни судски случаи. Станува збор за усогласување со европски директиви во делот на конфискација на имот и во други делови, вклучително и на одредени членови коишто се усогласуваат со законодавства на земји членки на ЕУ и со речиси сите членки на Советот на Европа.

 

Related posts

Таксистите во 2022 превезувале над 13 милиони патници

admin

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin

МЗ УНИШТИ 67 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД

ninja

ШТО ПОБАРАА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ОД ВАРХЕЈИ ВО БРИСЕЛ?

ninja

ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПОВТОРНО ТЕМА ВО СОФИЈА

ninja

Срамен гаф се случи на Олимпијадата, Франција и ИОК се извинуваат

admin