22.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија, беше едно од прашањата кои се покренаа на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, јавува РСЕ.

Обвинувањата за вакви појави од собраниската говорница ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека министерката за одбрана Славјанка Петровска не споделувајќи детали рече дека сè што имала за кој било случај, го дала и кажала пред надлежната служба во Министерството за одбрана.

„Покрај појавата на плаќање кеш и давање мито за мисии во АРМ има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на подредени офицерки и војници од страна на високи офицери, вклучително и од страна на генерали и началници од воената безбедност. Истите високи офицери за возврат им ветувале школување на воената академија и други бенефити“, рече Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за изнудувањето сексуални услуги се дознало случајно во текот на истрага за мито, случај кој претходно го обелоденила неговата партија.

„Трагајќи по главните митаџии во министерството за одбрана во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази односно постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник и за истото е информирана министерката за одбрана“, уверува Ковачки.

Пратеникот обвини дека и претседателот Стево Пендаровски бил информиран, но ниту тој ниту министерката презеле нешто, а по премиерот Димитар Ковачевски го праша дали е запознаен со случајот.

Наместо Ковачевски, од говорницата одговор даде Петровска која прво потенцираше дека како министерка таа не смее да влијае на истрага.

„Во Секторот за воена безбедност и разузнавање постојат записи со мои изјави и сите информации кои сум ги имала, дали за овој случај дали за случај за мито и корупција, јас сум пријавила и сум дала информации на службата која е задолжена да ги прибира тие информации. Понатаму имате правници во пратеничка група и во партија, прашајте ги која е процедурата, кој ги води истрага. Ниту водам истрага ниту имам законско право да преземам дел од истрагата што ја води јавното обвинителството“, рече Петровска.

Атмосферата на собраниската седницата дополнително ја „зовре“ Ковачки забележувајќи дека одговор дала министерката, а не премиерот кому му порача дека „се крие зад женска суќна“.

Ковачевски, пак, возврати дека е горд што во неговата Влада предложил жени министри и го обвини пратеникот за сексизам.

„На сите нив (жени министри) сум горд без разлика дали на работа ќе дојдат во фармерка или друга гардероба и не личи на Собрание кое сите граѓани го гледаат во директен пренос да се користат сексизми и омаловажувања на жената со оглед дека жените можат многу поквалитетно од мажите да извршуваат која било функција и тоа го потврдија. Јас лично сметам дека треба да се извините на министерката“, рече премиерот.

Прозивките на темата завршија со реплика од Ковачки кој рече оти било факт дека премиерот се крие зад женска суќна и оти таа фраза во политиката не ја измислил тој туку Радмила Шекеринска.

Related posts

НЕПРИФАТЛИВО ИНСТАЛИРАЊЕ НА ТУЃ ПРОБЛЕМ НА МАКЕДОНСКО ТЛО

ninja

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

Остин до Кина: Не бараме конфронтација, но нема да се воздржуваме пред силеџиството

admin

НЕИЗВЕСНО КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ПОСТАПКАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН: ПРИБЛИЖУВАЊЕ ВО ТИРАНА

ninja

Денков: Не се менува бугарската позиција кон РСМ

admin