16.8 C
Скопје
22 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Каде е Скопје меѓу „победниците на денот“ во Тирана?

Тирана го доби третиот кампус на Колеџот на Европа, а Подгорица договор за основање регионален Центар за сајбер безбедност. Со што се враќа официјално Скопје од самитот на Берлинскиот процес?

Трет огранок/кампус на Колеџот на Европа вчера беше официјално отворен во Тирана во рамките на самитот на Берлинскиот процес, а присутните лидери на ЕУ тоа го поздравија како „чин со големо симболично значење“, односно предвесник на влезот на Западен Балкан во ЕУ. Огранокот во Тирана е трет во составот на Колеџот на Европа, кој од 1992 година досега има два кампуса – едниот во Бриж, Белгија, и вториот во Натолин, јужен округ во Варшава, Полска.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, потсети дека набрзо по отворањето на кампусот во Полска уследил влез на таа и други централноевропски земји во ЕУ, и изрази надеж дека ќе биде исто и со Западен Балкан по отворањето на кампусот на Колеџот на Европа во Албанија. Според фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, идејата за отворање на кампусот потекнала од албанскиот премиер Еди Рама на самитот на Западен Балкан во Тирана од декември минатата година, и оценија дека проектот е реализиран многу побрзо отколку што очекувале.

Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на Унијата што ја прифатила неговата идеја, со оценка дека ЕУ е голем благослов за сите земји од Западен Балкан, бидејќи изградбата на демократски институции е невозможна без нејзина помош. Според ректорката на Колеџот на Европа и поранешна шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини, активностите во кампусот во Тирана ќе започнат со почетокот на учебната 2024/2025 година, а во фокусот на тој огранок ќе биде европската трансформација и интеграција, со акцент на Југоисточна Европа.

Абазовиќ: Црна Гора е победник на денот

Со полни раце од самитот Берлинскиот процес се враќа и Црна Гора. Премиерот во технички мандат, Дритан Абазовиќ, на маргините на самитот во Тирана потпиша Договор за основање на регионален Центар за сајбер безбедност кој ќе биде лоциран во Подгорица. Со тој договор, се создаваат предуслови за јакнење на сајбер безбедноста во земјите на Западен Балкан, за унапредување на соработката против тие закани и за воспоставување силен регионален јазол кој ќе поттикнува напредни програми и обуки не само на меѓуинституционален, туку и во академски домен.

„Црна Гора е победник на денот во Тирана, особено по потпишувањето на Договорот за основање на Центар за сајбер капацитети на Западен Балкан, со седиште во Подгорица. Црна Гора е единствена која доби нешто конкретно, останатато се некои политички навестувања“, изјави Абазовиќ.

Ковачевски: Имавме продуктивен ден

Официјално Скопје од самиот на Берлинскиот процес во Тирана се враќа со договорот што го потпишаа лидерите на сите земји на Западен Балкан, со кој професионалните квалификации и универзитетските дипломи на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите ќе бидат признаени во сите земји на западнобалканската шесторка. Начинот и условите кои се применуваат за признавање на квалификациите ќе бидат во согласност со Директивата на ЕУ.

Премиерот Ковачевски денот го оцени како продуктивен.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ninja

КОВАЧЕВСКИ – М-НАВ ПОСТАПИ ДОБРО СО КОНКУРСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ

ninja

Манифест за консензус за уставни измени или купување време?

admin

“СЕ ВОДИ КАМПАЊА ПРОТИВ МЕНЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ДУИ…”, ГРУБИ: ИЗОЛАЦИОНИТЕ СИЛИ УДИРААТ НИСКО

ninja

Жељазков: Бугарите да бидат државотворен народ во РСМ

admin

Зголемени платите на здравствените работници

admin