12.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

Министерството за финансии денеска ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи. Номиналната вредност на една обврзница е 1 евро, а каматната стапка е 2% годишно. Номиналната вредност и каматата на имателите на обврзници се исплаќа во период од 10 години. Исплатата на каматата и номиналната вредност се врши еднаш во годината, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2024 година. Имателите на обврзници за денацонализација, исто така , може да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост.  Со обврзниците за денационализација може да се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза.

Република Северна Македонија согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата на Република Северна Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 21 емисија на Обврзница за денационализација на износ од  391,2 милиони евра. Обврзници за денационализација се издаваат почнувајќи од 2002 година.

Related posts

Последен ден на Ковачевски во премиерската фотелја

admin

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin

Зеленски ќе ја посети Германија

admin

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja

Бајден се повлекува, ја поддржува потпретседателката Харис за номинација

admin

Парламентарни ибори на 8 мај, заедно со вториот круг претседателски: има ли договор меѓу партиите?

admin