20.8 C
Скопје
14 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Нема политички влијанија при избор или унапредување на обвинители”

Новоизбраната Претседателка на Советот на обвинители, Душица Димитриеска, во интервју за РСЕ вели дека нема политички влијанија за избор или унапредување от причина што секој гласал по сопствено убедување.

Таа негира дека синот на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, сопругата на актуелниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, се избрани како резултат на политичките врски, исто како и во унапредувањето на сестрата на поранешниот министер за правда.

“Не постојат никакви влијанија при изборот на сите овие кандидати кои ги споменавте, сите членови на Советот на јавни обвинители имаат право на свое сопствено убедување и свој глас и тоа го искажуваат при гласањето. Сите кандидати ги исполнуваа условите, сите избрани се квалитетни кандидати и сметам дека сите успешно ќе одговорат на задачите кои им се зададени со функциите на кои ги избра советот”, вели Димитриеска.

Во врска со изјавата на обвинителката Ленче Ристовска, дека има трговија со влијанија, Димитриеска вели дека “на една од седниците на Советот на јавни обвинители беше заземен став од сите членови на советот ваквата изјава на обвинителката да ја испратиме на мислење во етичкиот совет при Јавното обвинителство за да се увиди дали има усогласеност на ваквите нејзини изјави со принципите на Етичкиот кодекс, но до денеска немаме добиено никакво мислење.”

Со самото постапување на функцијата таа иницирала измени на Етичкиот кодекс, за кој вели дека е во согласност со европските стандарди.

“Имајќи ги пред вид забелешките во стратегијата на Европската унија во однос на констатациите за состојбите во правосудниот систем, меѓу кои беше посочен и Етичкиот кодекс во делот на неговите рестриктивни одредби каде што се оневозможува коментирање на одлуките на Етичкиот совет ние одлучивме да го измениме членот и во него повеќе не стои дека Јавните обвинители не смеат да ги коментираат одлуките на Советот на јавни обвинители туку воведовме нов став кој што гласи дека Јавните обвинители треба да внимаваат при јавните настапи на својот личен и професионален углед како и на угледот на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители”, вели Димитриеска.

Запрашана дали со новиот став значи дека обвинителите сепак не би смееле да изнесат никаква критика за работата на Советот на јавни обвинители, Димитриеска со одговор: “Не не значи ова, одредбата е јасна треба да се внимава на угледот како на личниот така и на професионалниот и на институциите, но и на сопствениот. Токму од тие причини е изменета и рестриктивната одредба која што постоеше.”

 

Related posts

Петровска бара одложување на изборите во СДСМ, во спротивно повикува на бојкот

admin

ВИДЕО / Жестока прва дебата Биден-Трамп: Кој победил?

admin

Истражување на „Фокус“: СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ прва кај Албанците

admin

Владата даде 32,5 милиони евра за проекти во 44 општини

admin

Има ли владата план како да поминат уставните измени?

admin

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin