14 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ќе се сретнат ли Блинкен и Лавров во Скопје?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска потврди дека државниот секретар на САД, Антони Блинкен ќе фоаѓа во Скопје за министерскиот совет на ОБСЕ, јави РСЕ.

Блинкен ќе присуствува на неформалната вечера по повод претстојниот министерски совет на ОБСЕ во Скопје на 30 ноември и 1 декември, потврди Османи, на денешната средба со новинарите.

Вчера македонската Влада одлучи да се тргне забраната за прелет на рускиот авион со кој руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе може да слета во Скопје, откако претходно министерствата за одбрана и за надворешни работи ќе дадат одобрение за прелет и слетување.

„Државниот секретар Блинкен е потврден за неформалната вечера. Во зависност од нивните агенди, секој доаѓа во различен дел од трите дена. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, тоа не можам да потврдам сега. Се разбира, не треба да очекуваме дека сите и ќе останат три дена. Тоа се важни луѓе кои ќе дојдат на одреден дел од настанот и ќе си заминат Дали ќе се поклопуваат термините на нивниот престој, не можам да кажам, бидејќи се уште ги утврдуваме тие детали и тие динамики“, рече Османи на денешната прес-конференција.

 

Related posts

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

ninja

Митревски: СДСМ е за ЕУ, членство до 2030 година

admin

ШИРОКО СЕ ОТВАРААТ ВРАТИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НА КОРУМПИРАНИТЕ

ninja

Започнуваат деновите на германскиот филм

admin

Касами: Со ДУИ и Алијанса за Албанците нема ЕУ

admin

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

ninja