26.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Раскол во ИВЗ, се продлабочува поделбата меѓу реисот Шаќири и муфтијата Несими

Раководството (Ријасет) на Исламската верска заедница (ИВЗ) ги разреши муфтијата на Тетово, Ќани Несими, и струшкиот муфтија, Салим Сулејмани, кои претходно беа обвинети дека подготвуваат пуч за превземање на оваа верска инспирација, јавува Инбокс7.

Преку соопштение ИВЗ информираше дека на состанокот на раководството разговарале и анализирале за активностите на Исламската верска заедница во текот на 2023 година.

„Ријасетот разговараше и за актуелната состојба во муфтинијата на Тетово и струшката муфтинија, на што беше донесена едногласна одлука од Ријасетот на ИВЗ, за разрешување на тетовскиот муфтија, Ќани Несими, а на негово место како вршител на должноста до нови избори е именуван др. Селвер Џемаили“, се вели во соопштението на БФИ.

Но, муфтијата Несими одлучи да не ја почитува одлуката на ИВЗ и да продолжи да ја врши функцијата. Вели дека одлуката на ИВЗ е нелегитимна и ја има подршката од сите совети на џамии и имами од Тетово и околните општини.

“Меџлисот на џамиите на муфтинијата на Тетово, е против вчерашната одлука на ИВЗ, ги поддржува одлуките на членовите на муфтијата и едногласно и упорно бара од муфтијата проф. др. Ќани  Несими, да продолжи со својата работа, бидејќи ние како Меџлис на џамиите ќе продолжиме да ги поддржуваме муфтинијата и муфтијата во заштитата на Институцијата”, се вели во објавата на Фејсбук страната на тетовската муфтинија.

Во јавен настап, Несими го обвини првиот човек на ИВЗ, Шаќир Фетаху, дека неговото разрешување е нелегитимно и не е во согласност со правилата на Институцијата. Тој понатаму апелираше до Фетаху да се погледне во огледало и да рефлектира за штетата која ја нанесува на ИВЗ.

“Шаќир Фетаху организираше состанок на Ријасет, кој е највисоко тело за одлучување, повикувајќи ги членовите на состанокот селективно. Тој не ги повика на состанок сите членови кои се членови на Ријасет и тоа е уставна обврска. Тој не ги повика муфтијата на Куманово, муфтијата на Тетово, струшкиот муфтија, деканот на Факултетот за исламски науки, но и другите колеги кои се во процес што претходно ги разреши, а кои се во процес и имаат доби позитивен одговор од Судот. Но, тоа е различен процес. Овие први четворица не ги покани на состанокот. Односно, тој на средбата ги повикал само оние кои го слушаат Шаќир Фетаху, кои му се поклонуваат на Шаќир Фетаху, а сега јас како човек кој не ги слуша желбите и задоволствата на Шаќир Фетаху, тој со овие луѓе во одбран форма, на состанок кој не е легитимен и законски, донесува решение за разрешување на муфтијата на Тетово”, вели  Несими.

Тој вели дека има негово одлучувачко тело во ммуфтинијата и меџлиси на џамиите.

“Вчера имав средба со членовите на муфтинијата, органот за одлучување, кои го прогласија состанокот во Ријасет за незаконски и нелегитимен, а денеска го прогласија моето разрешување и назначувањето на насилниот муфтија за незаконски и нелегитимни. Меџлисот на џамиите, кој е орган кој го сочинуваат сите џамии на муфтијата на Тетово, а тоа се оџите и вработените со работно решение и раководителите на советите со благајниците на џамиите, кои едногласно одлучија дека одлуките на Шаќир Фатаху се незаконски и нелегитимни и од мене побараа да ја продолжам задачата додека не дојде уставно-правната димензија во ИВЗ”, вели Несими.

Ривалството меѓу Фетаху и Несими датира од пред неколку години, кога од функцијата реис беше сменет Сулејман Реџепи. Приврзаниците на Фетаху велат дека Несими со неколку муфтии веќе подолго време работа

 

Related posts

Израел ќе одбие визи за претставници на ОН по говорот на Гутереш за војната во Газа

admin

Како ќе го изградиме идниот еко систем на иновативни вештини?

ninja

Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

admin

Каде и дали се изгуби ЕУ перспективата? Црвенковски песимист за евроинтеграциите, за Ковачевски е реално членството до 2030

admin

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

ninja

МЛАДИТЕ, ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

admin