14.8 C
Скопје
10 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Владата даде 32,5 милиони евра за проекти во 44 општини

Две милијарди денари или 32,5 денари ќе искористат 44 општини за да реализираат 66 проекти од областа на образованието, здравството, спортот, патната инфраструктура…

Станува збор за пари од шест министерства и од Агенцијата за млади и спорт, кои Владата одлучи да ги пренамени и да им ги додели на општините раководени од градоначалници од разни политички партии и од власта и од опозицијата.

Министрите од Владата и градоначалниците денес (19 ноември) ги потпишаа договорите, а премиерот Димитар Ковачевски рече дека се собрале заедно „како никогаш до сега“ и се заблагодари на успешната соработка на сите политички партии.

„Сакам да се заблагодарам на сите пратеници во Собранието кои учествуваа во амандманската расправа на прераспределбата на Буџетот. Тука сакам да се заблагодарам пред сè и на пратениците кои што го сочинуваат мнозинството бидејќи на крајот нивните гласови одлучуваат, а гласовите одлучија дека без разлика на тоа која општина од кој политичар или градоначалник од било која политичка партија е номиниран и кандидиран добива финансиски средства за реализација на проектите кои што ги има и кои што значат подобро живеење на граѓаните“, рече Ковачевски при потпишувањето на договорите помеѓу министрите и градоначалниците.

Меѓу парите што се пренаменуваат од централната власт раководена од СДСМ и ДУИ се, на пример, 6,1 милион евра од Министерството за образование кои ќе се користат за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во скопските општини Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода, како и во Охрид – сите раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Над четири милиони евра, пак, преку Министерството за труд и социјална политика ќе се користат за изградба и реконструкција на градинки во Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Карпош и Кисела Вода.

Од Министерството за транспорт и врски 16,2 милиони евра ќе се потрошат за улици, патишта и мостови во Скопје, Битола, Богданци, Гостивар, Делчево, Карпош, Кичево, Јагуновце, Крушево, Пехчево, Пробиштип, Центар, Крива Паланка … Од нив, Град Скопје на пример, ќе добие пари за изградба на булевар „Хасан Приштина“ во Визбегово“, како и за довршување на мостот „Љубњанска“ во Карпош.

Селото Матејче во Липково, пак, ќе добие пола милион евра од Министерството за култура за да го реализира проектот Дом на културата, а Агенцијата за млади и спорт ќе пренамени 1,8 милиони евра за спортски сали и терени во Штип, Велес и Ѓорче Петров./RSE

Related posts

Намалените казни ќе влијаат и врз примената на ПИМ

admin

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА „ТРЕЗОР“

ninja

Ретка достоинствена прослава на независноста од една балканска држава

admin

Евростат: Растат платите во ЕУ

admin

Николај Крастев: Руската црква ги промовира српските интереси во Северна Македонија

admin