18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

На 10 август, судот во Санкт Петербург во Русија го осуди еден од најистакнатите телевизиски новинари во земјата, Александар Невзоров, поради „екстремистички“ ставови што ги искажал во интервју за белорускиот сервис на „Радио Слободна Европа“, како и на неговиот канал на „Јутјуб“, а во врска со руската инвазија на Украина.

Невзоров беше осуден да плати 20 000 рубљи (околу 200 евра) во отсуство, затоа што кажал „лоши работи за претседателот“ и „грди работи за армијата“, откако побегнал од Русија во март 2022 година.

Во февруари 2023 година, судот во Москва го осуди Невзоров во отсуство на осум години затвор под обвинение за дискредитација на руските вооружени сили.

На социјалните мрежи тој ги обвини руските вооружени сили дека намерно гранатирале породилиште во украинскиот град Мариупол и мачеле и убиле цивили во Буча.

Во јуни минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се доделува украинско државјанство на Невзоров и неговата сопруга Лидија.

За време напретседателските избори во 2012 година, Невзоров важеше за човек од доверба на рускиот претседател Владимир Путин, но во моментов тој е против руската инвазија на Украина и ги критикува руските власти, пишува порталот „Current Time“.

На почетокот на март минатата година, неколку дена откако Русија започна војна против Украина, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се наложуваат долги затворски казни за дистрибуирање „лажни информации“ за руските воени операции, во обид на Кремљ да го контролира наративот за војната во Украина.

Related posts

Германски печат: Вучиќ сонува за „великосрпско царство“

admin

2024 – Тешка економска година

admin

Нова предизборна играчка: безбедносна и корупциска проверка

admin

Столтенберг: НАТО размислува за постојано зголемување на војниците во Косово и во регионот

admin

Крај на старите и крах за новите патни исправи

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin