12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Средба Пендаровски-Агелер, во фокус – евроинтергацискиот процес

Македонско- американските односи се одвиваат со одлична динамика, во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО. Ова е посочено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот, пренесува Инбокс7.

Пендаровски и Агелер разговарале и за одвивањето на евроинтегративниот процес, како и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока. Дополнително тема на дискусија била и состојбата во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

„Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан“, се наведува во соопштението.

Еден ден претходно Агелер во интервју за Канал 5 ја претстави позицијата на Вашингтон околу преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ), потенцирајќи дека е „лажна вест“ оти може да се смени преговарачката рамка усвоена лани летото.

Таа нагласи и дека „обврските мора да се исполнуваат“.

Агелер во интервјуто не сакаше директно да ја коментира најавата на опозицијата дека нема да гласа за уставните измени но додаде дека се надева „ дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за земјата и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации“.

Основен услов за продолжување на преговорите со ЕУ, односно за закажување на Втората меѓувладина конференција со цел отворање на кластерите од преговорите е измена на македонскиот Устав со цел вметнување на Бугарите во Преамбулата.

Пленарната седница на која главна тема ќе бидат уставните измени е закажана за 18 август. Засега нема консензус меѓу власта и опозицијата за измените со кои и Бугарите би влегле во Уставот.

Related posts

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

Спасовски: Денес се навршуваат 8 години од „Диво Насеље” – никогаш да не се повтори!

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Ништо од декемврискиот самит на ЕУ: Пендаровски песимист

admin

Незири: Колективната оставка е стратегија на ДУИ и храбар чекор на Ахмети

admin

Ројтерс: Локалните жители стравуваат од катастрофа поради повлекувањето на Преспанското Езеро

admin