19.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Дурмиши: Неуспехот на протестот покажа дека Тетово е тврда коска што не се голта

Министерот за економија Бесар Дурмиши во петокот оцени дека протестот на ДУИ во Тетово против одлуката на Уставниот суд за имињата на улиците бил неуспешен и дека граѓаните не прифатиле, како што рече, „темни политички игри“.

Во објава на социјалните мрежи, Дурмиши напиша дека тетовци покажале зрелост и не подлегнале на провокации.

„Тетово покажа зрелост. Тетовци не паднаа на провокации, ниту на обидот некој да се испере за проблем што сам го зготвил“, напиша Дурмиши.

Тој оцени дека слабата посетеност на протестот покажала дека Тетово не може да се користи за партиски интереси.

„Неуспехот на протестот покажа дека Тетово не е место каде некој може да ги пере своите гревови. Тетово е тврда коска што не се голта“, рече Дурмиши.

ДУИ претходно организираше протест во Тетово против одлуката на Уставниот суд со која беше укината одлуката од 2007 година за преименување на дел од улиците и плоштадот во градот. Партијата побара преиспитување на одлуката и враќање на имињата поврзани со албанската историја и идентитет.

Дурмиши рече дека правото на протест треба секогаш да се почитува, но додаде дека Тетово не прифаќа да биде користено за политички манипулации.

Related posts

Историски пресврт во Вашингтон: Врховниот суд му кажа „не“ на Трамп во најчувствителните случаи

admin

ДУИ: Тошковски и Коцевски инсценираат „трансакциска правда“ за трагедијата во Кочани

admin

Жељазков: Бугарите да бидат државотворен народ во РСМ

admin

ЕУ им забрани лични телефони на европратениците пред патување во Кина

admin

САД и Иран на чекор до договор? Венс откри: Многу сме блиску, но сè уште не сме таму

admin

Мерц и Макрон повлекуваат нов безбедносен потег: Европа добива сопствен воен ВИ систем

admin