21.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Радев со двосмислени сигнали за ЕУ и Северна Македонија

Новата бугарска влада предводена од Румен Радев остава сериозни нејаснотии околу идната надворешна политика на Софија, особено во однос на Европската Унија, Русија и Северна Македонија, оценува политичкиот аналитичар Даниел Смилов во колумна за Дојче Веле.

Според него, уште при формирањето на кабинетот станало јасно дека владата испраќа контрадикторни политички пораки.

Авторот посочува дека двосмисленоста се гледа преку изборот на вицепремиерите Атанас Пеканов и Иво Христов, од кои едниот важи за изразен проевропски политичар, додека за другиот постојат сомнежи за блискост со проруските позиции.

„Не е јасно каков баланс се бара – меѓу членството во ЕУ и оддалечувањето од Унијата, меѓу поддршката за Украина и симпатиите кон Русија или меѓу европската енергетска политика и враќањето кон рускиот гас“, пишува Смилов.

Во анализата посебно внимание се посветува и на новата министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, која претходно беше дел од владата на Кирил Петков и се поврзуваше со „Има таков народ“.

Смилов наведува дека таа била „внатрешна опозиција“ на политиката на Петков кон Северна Македонија.

„Владата на Петков следеше јасна проукраинска линија и помогна на Украина во клучен момент, но улогата на Чамова во тие процеси не беше особено видлива. Засега е тешко да се процени дали како министерка ќе води проевропска или прорусka политика“, оценува авторот.

Тој додава дека токму политиката кон Северна Македонија ќе биде еден од тестовите за новата бугарска власт.

Според анализата, сè уште не е јасно што точно значи пораката на Радев дека „гласот на Бугарија треба повеќе да се слуша во Европа“.

„Важно е не колку гласно ќе зборува Бугарија, туку што точно ќе каже – дали ќе бара ублажување на санкциите кон Русија, враќање на руските енергенси или нов пристап кон Северна Македонија“, наведува Смилов.

Во текстот се предупредува и дека новата влада може да биде изложена на искушение да направи политички договор со структурите поврзани со моделот „Пеевски-Борисов“, наместо вистински да спроведе реформи.

Смилов оценува дека доколку владата не покаже јасна подготвеност да ги расчисти големите корупциски скандали во Бугарија, јавноста брзо ќе заклучи дека наместо демонтажа на стариот модел се случува само негово прегрупирање.

Според него, Радев ќе мора да покаже конкретни чекори и во внатрешната политика и во односите со соседите, вклучително и со Северна Македонија, доколку сака да ја оправда довербата што ја доби на изборите.

Related posts

НАТО под притисок: САД ја носат Алијансата на грб

admin

Основана Швајцарската комора на Северна Македонија за економска соработка

admin

Бугарија очекува правична одлука за Љупчо Георгиевски

admin

Истражувачко новинарство во фокусот: седум новинари наградени со „Никола Младенов 2025“

admin

Путин повторно го активира Шредер? Средбата предизвика нови прашања во Европа

admin

Албанските парламентарни избори без рамноправни услови, велат меѓународни набљудувачи

admin