18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Систем за подршка на мали и средни претпријатија во Македонија

Пишува: Ристе Костовски 

Малите и средни претпријатија (МСП) остваруваат клучна улога за националните економии во светот преку генерирање нови работни места, креирање додадена вредност и придонес за иновации. Тие имаат сигнификантен удел во намалувањето на невработеноста, како и значајна улога во создавањето на БДП. Исто така, и во Македонија најголем дел од деловните субјекти се мали и средни претпријатија.

За развој на овој економски сегмент неопходно е дизајнирање и имплементирање на структурна политика во која ќе бидат опфатени сите аспекти на работењето на малите и средни претпријатија.

Еден од најважните предуслови за развој на бизнисот, несомнено, е окружувањето. Имено, во тој контекст, неопходен е системски пристап кон сите негови компоненти. Така, најпрво треба да се развијат механизми за намалување на сивата економија. Понатаму, потребна е предвидливост во носењето на законите, како и стабилизирање на севкупниот општествен систем.

Потоа, почетна точка во развојот на малите и средни претпријатија е бизнис-иницијативата и претприемачкиот дух. Имено, за зголемување на претприемачката динамика, круцијално е да се подобри претприемачкото образование. Претприемачкото образование треба да ги збогати учениците/студентите со претприемачки вештини, како и да ги подобри нивните капацитети за иновации. Покрај формалното, важна карика во овој процес е и неформалното образование. Затоа државата, преку разни видови проекти и трибини, треба да креира клима со цел да го развие претприемачкиот дух.

Сврзно ткиво во развојот на овој економски сегмент е и моделот на децентрализација, кој ќе овозможи поголема вклученост на локалната економија во екосистемот.

Сигнификантен момент во оваа насока е и евроинтегративниот процес. Имено, процесот на преговарање и интегрирање во ЕУ ќе влијае во насока на подигање на нивото на очекувања и мотивација за поголема конкурентност и стандардизација на процесите внатре во рамките на претпријатијата. Имплементирањето стандарди ќе влијае на поголем квалитет и помали трошоци, а со тоа и поголема продуктивност на претпријатијата. Воедно, овој процес ќе влијае во контекст на трансфер на знаења и технологии низ разни модели на хабови, акцелераторски и инкубаторски програми, со што во домашната економија би се создала подобра основа за динамичен раст и развој на овие фирми.

Related posts

Eден дух што недостасува

admin

#NotATarget

admin

Кога Европската унија конечно ќе ја покаже својата вистинска тежина во опасниот свет?

admin

Една чаша вода не ја враќа довербата

admin

Безбедност, отпорност и европска зрелост

admin

Балтичките држави клоцаат големо куче

admin