36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски со остра порака до младите: „Го трошите системот, а не придонесувате“

Премиерот Христијан Мицкоски упати порака до младите да ја градат својата иднина во Северна Македонија, а не преку сезонска работа во странство, оценувајќи дека државниот систем не може да опстои ако граѓаните не придонесуваат во домашната економија.

Говорејќи на Регионалната министерска конференција за справување со демографските промени и градење отпорност во Скопје, Мицкоски рече дека младите грешат ако мислат дека неколку месеци работа во туристички земји се доволни за да ја обезбедат својата иднина.

„Мојата порака до младите, коишто мислат дека неколку месеци некаде во некоја туристичка дестинација се доволни за да сонуваат за својата иднина, е дека грешат. Дома треба да сонуваме и да ја градиме нашата заедничка иднина“, изјави Мицкоски.

Тој повика младите да придонесуваат во домашната економија наместо, како што рече, да „контрибуираат во туѓи економии“.

Според него, граѓаните не можат да очекуваат квалитетни јавни услуги доколку не придонесуваат во системот.

„Не можеме да бараме времена работа некаде во некои туристички земји, да плаќаме таму даноци, а да бараме од нашиот здравствен систем овдека бесплатно здравствено осигурување и да живееме со критика кон тој истиот систем којшто ние истите го измачуваме и го истрошуваме“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека системот го создаваат самите граѓани и дека неговиот квалитет зависи од нивниот придонес.

„Системот сме ние, и каков систем ќе изградиме, така тој систем нас ќе ни врати“, изјави тој.

Премиерот посочи и дека злоупотребата на буџетски средства и неправедното пријавување прекувремени часови дополнително го оптоваруваат системот.

Според него, силата на една држава не се мери само преку економските показатели, туку и преку довербата што луѓето ја имаат во својата иднина.

„Нашата обврска како лидери е да создадеме иднина во која луѓето ќе сакаат да останат, да создаваат, да работат, да основаат семејства и да сонуваат дома“, порача Мицкоски.

Related posts

Судот ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ за упатството за радиодифузерите

admin

Орбан: Унгарија ќе најде начин да ги заобиколи американските санкции против руската нафта

admin

Велика Британија се враќа во Еразмус+: Над 100.000 млади ќе студираат и работат во Европа од 2027

admin

Германски печат: „Опасен курс на Балканот – а Берлин молчи“

admin

Русија и САД започнаа мировни преговори во Ријад, Украина ја отфрла иницијативата

admin

Возачот што ја усмрти Теодора Ристевска осуден на 2 години затвор

admin