Стојанче Јовановски е осуден на единствена казна затвор од 12 години за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство на Ивана и нејзината ќерка Катја.
Според пресудата, Судот утврдил дека обвинетиот со континуирано физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба, што било причина таа да посегне по својот живот и животот на своето дете.
Судот оцени дека насилството траело континуирано од 2023 година, на различни локации и во присуство на детето.
Во текот на постапката било утврдено дека Јовановски ѝ се заканувал на Ивана дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе ѝ ја одземе ќерката.
За кривичното дело телесна повреда му била изречена казна затвор од пет години, за загрозување на сигурноста три години, а за наведување и помагање во самоубиство уште пет години.
Согласно Законот за кривична постапка, Судот изрекол единствена казна затвор од 12 години.
Обвинителството побара обвинетиот да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

