Пратеник поврзан со американскиот претседател Доналд Трамп побарал од ФИФА да го замени Иран со Италија на претстојното Светско првенство во 2026 година, објави „Фајненшл тајмс“.
Предлогот, според извештајот, доаѓа во време на дипломатски тензии и има за цел да ги подобри односите меѓу Вашингтон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, по несогласувањата со американскиот претседател околу војната со Иран и неговите критики кон папата Лав XIV.
Иако не е донесена официјална одлука, учеството на Иран на турнирот останува неизвесно поради тековните геополитички тензии.
ФИФА засега не се изјасни јавно за можноста за промена на учесниците на Мундијалот, кој треба да се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Светското првенство традиционално се смета за аполитичен настан, но последните случувања повторно ја отворија дебатата за влијанието на политиката врз меѓународниот спорт.

