14.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

,,Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска

На 5ти декември, во 20 часот, во Младински Културен Центар – Скопје ќе биде отворена изложбата ,,Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска.

,,Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик (потоа вклучува и други женски ликови видени од нејзина перспектива), не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време. Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас. Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет. Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина.”

,,Избегнувајќи идеализирање на портретните претстави делата на Мартина Спасовска се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија и говорат пред сѐ за состојбата во која реалноста се преобликува во нова онтолошка метареалност. Деконструирајќи го портретот и повторно градејќи го низ одредени експресионистички потези постигнува ефект на преобразба на реалноста и се сосредоточува на неговото внатрешно доживување, трансформирање и трансцендентирање. Во таа експресивна хармонија платното престанува да биде дводимензионална површина врз која се редат деликатни нијанси и сложени акорди на тонови, туку станува метафизички меѓупростор на визуелно конципирање на мислата во просторот. “, пишува за излжбата Горанчо Ѓорѓиевски, историчар на уметност

Мартина Спасовска, родена 1997 во Куманово, е млада визуелена уметница со седиште во Скопје, Северна Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа го истражува и користи човечкото месо како главен елемент во нејзините дела, преку кои поставува повеќе прашања за начинот на кој е претставен човечкиот идентитет. Делата ги третира со сложена мешавина на страв, емпатија, деликатес, ранливост и моќ. Таа има изложувано на неколку групни изложби во Македонија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција.

Related posts

Мицкоски: Дипломатите не не разбираат кога ни велат да попуштиме за бугарските барања

admin

НАТО се подготвува за напад од Русија, започнува најголемата воена вежба

admin

Хенри Кисинџер објаснува како да се избегне третата светска војна

admin

ВУЧИЌ- СО ЕСКОБАР ИМАВМЕ ОТВОРЕН И ФЕР РАЗГОВОР

ninja

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

admin

Синот на Песков – платеник на Вагнер!

admin