35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Муцунски и Сиљановска-Давкова Дубаи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде ќе учествуваат на Светскиот самит за влади во Дубаи.

Посетата ќе трае од денес до четврток, а фокусот ќе биде ставен на економската соработка, дигитализацијата и можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и ОАЕ.

Муцунски најави дека во рамки на самитот ќе учествува на панел-дискусии посветени на глобалните економски и логистички предизвици, при што ќе ја истакне улогата на Северна Македонија како стратешка точка на пресекот на Коридорите 8 и 10.

Во рамки на посетата е предвидено и потпишување на меѓувладин меморандум за соработка, насочен кон модернизација и дигитализација на јавната администрација, соопшти министерот.

Муцунски и Сиљановска-Давкова ќе остварат и средби со претставници на македонската заедница во ОАЕ, како и со потенцијални инвеститори, со цел зајакнување на економските и трговските врски.

Светскиот самит за влади во Дубаи собира државни лидери, министри и претставници на меѓународни организации, со фокус на управувањето, иновациите и идните глобални политики.

Related posts

Од денес, ЕВН повеќе не смее да издава паушални сметки за струја

admin

Изборни програми на германските партии: Eкономија и миграции

admin

ДУИ го поздрави усвојувањето на законите и порача:”КОРИДОРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ!”

admin

Касами: Од вчера ние сме партија ВЛЕН

admin

Сите банки во земјава се приклучија на СЕПА шемата за кредитни трансфери

admin

Пратеничката на ВЛЕН ѝ одговори на критиките на Таравари со видео од 2021

admin