29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

С.Македонија и САД договорија рамка за реципрочна трговија: тарифи од 15%, а за дел на производи нула

Северна Македонија и Соединетите Американски Држави договорија рамка за Спогодба за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа, додека претставници на владата во Скопје оценија дека земјата е блиску до финализирање на историски трговски договор со Вашингтон.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на прес-конференција изјави дека Заедничката изјава објавена доцна во средата претставува „значаен успех за македонската влада и дипломатија“, додавајќи дека договорот ќе обезбеди подобар пристап за македонските компании на американскиот пазар.

Според рамката, Македонија ќе ги елиминира царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски производи што се извезуваат во земјата.

Од своја страна, САД ќе ги задржат на 15% реципрочните тарифи за стоки со потекло од Македонија, согласно претходни извршни наредби, но ќе идентификуваат и производи што ќе добијат нулта стапка на реципрочна тарифа.

„Се идентификуваат производи кои ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии царинските давачки ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека договорот има за цел да ја зајакне билатералната економска соработка, да поддржи економски раст и да го продлабочи трансатлантското партнерство.

Двете земји се обврзале да работат на надминување на нетарифните бариери што влијаат врз билатералната трговија, особено во приоритетни сектори и во областа на земјоделството. Предвидени се и консултации за спречување нови бариери за американските аграрни производи на македонскиот пазар.

Рамката вклучува и одредби за зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, со фокус на отпорност на синџирите на снабдување, контрола на инвестиции и извоз, како и спречување на избегнување царини.

Во делот за енергетика, се посочува изградбата на новиот гасен интерконектор меѓу Македонија и Грција, што треба да овозможи диверзификација на изворите на снабдување, вклучително и набавка на американски течен природен гас (LNG). Македонија ќе започне со увоз на американски LNG по завршување на интерконекторот.

Дополнително, земјата се обврзува да одржува високи стандарди за заштита на животната средина и да ги спроведува своите еколошки закони, како и да води разговори за заштита на интелектуалната сопственост, вклучително и географски ознаки.

Во дигиталната сфера, Македонија се обврзала дека нема да воведе данок на дигитални услуги и ќе поддржи траен мораториум за царини на електронски преноси во рамки на Светската трговска организација (СТО).

Стојаноски изјави дека договорот испраќа сигнал за политичка и економска стабилност во односите со Вашингтон и, според него, ги демантира критиките од опозицискиот СДСМ дека владата нема јасен надворешно-економски план.

Од Белата куќа наведуваат дека двете страни ќе работат на финализирање на текстот на спогодбата и на спроведување на неопходните домашни процедури пред таа да стапи во сила.

Related posts

Политиката не е најважна: Партиите што сакаат да дојдат на власт да се фокусираат на економијата – бараат бизнисмените во пресрет на изборите

admin

УЈИЕ и ХЕРА потпишаа меморандум за соработка

admin

Пукање во близина на Белата куќа, двајца припадници на Националната гарда повредени

admin

Фон дер Лајен ја состави новата Европска комисија

admin

Судскиот совет: Нема прекршувања во постапките за случајот со смртта на Теодора Ристовска

admin

Меџити: ДУИ ја задуши политичката сцена

admin