23.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ со резолуција за судењата на поранешните косовски лидери

Пратеници на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Собранието на Северна Македонија денеска поднесоа Предлог-резолуција со која се повикува на почитување на стандардите на редовна и правична постапка во меѓународниот судски процес против поранешни раководители на институциите на Косово.

Во соопштение на ДУИ се наведува дека резолуцијата се темели на уставните принципи и меѓународните стандарди на правдата и повторно ја потврдува посветеноста кон владеењето на правото, независноста на судството и целосното почитување на основните човекови права.

Во текстот се упатува на Европската конвенција за човекови права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Универзалната декларација за човекови права, нагласувајќи дека судските процеси што се водат пред Специјализираните совети на Косово треба да се одвиваат во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

Предлог-резолуцијата повикува на гарантирање на презумпцијата на невиност, обезбедување ефективна одбрана и судење во разумен рок за сите обвинети.

Дополнително, во соопштението се наведува дека документот го вреднува придонесот на институционалните лидери и припадниците на поранешната Ослободителна војска на Косово во процесите на мир, стабилност и евроатлантска интеграција на регионот, истакнувајќи дека меѓународната правда треба да биде непристрасна, професионална и независна од политички влијанија.

Пратениците потписници ги повикаа сите пратеници во парламентот, без оглед на политичката припадност, да ја поддржат резолуцијата.

Related posts

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

admin

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

admin

Голем пресврт: Гаши бара ЕДНА супер-комисија што ќе ги отвори сите трагедии во Македонија!

admin

Нетанјаху ја нарече Британија „исламска република“ – остри реакции од Лондон

admin

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja

ЗНАМ ги испорача условите за влез во Влада – без ДУИ и со одложени уставни измени

admin