14.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Зошто Германија е воздржана за прекин на огнот во Газа

Германија двапати беше воздржана во Генералното собрание на ОН кога стануваше збор за прекин на огнот на Блискиот Исток. Ова предизвика иритација низ целиот свет.

Начинот на којшто гласаше Германија во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 27 октомври го налути израелскиот амбасадор во Берлин, Рон Просор. Терористите на Хамас три недели претходно брутално го нападнаа Израел, убивајќи израелски војници и цивили и земајќи луѓе како заложници.

Кога Израел потоа започна масовен напад врз Појасот Газа, во Генералното собрание на ОН беше донесена резолуција со која Израел се повикува на прекин на огнот за да им се помогне на луѓето во Газа. Меѓутоа, злосторствата на Хамас не беа опфатени во текстот. Против резолуцијата гласаа 14 земји-членки – вклучително и САД, самиот Израел, Унгарија, Чешка и Австрија. Германија, пак, беше една од 45-те земји кои беа воздржани.

Амбасадорот Просор: „Тоа не е доволно!

Просор потоа изјави: „Ни треба германската поддршка во ОН“. Воздржувањето од гласање „затоа што не можете директно да кажете дека Хамас е одговорен за овој суров масакр, не е доволно“, критикуваше тој. Затоа што тоа беше причината за воздржувањето: Германија не сакаше да гласа за резолуцијата затоа што теророт на Хамас не беше спомнат или осуден. Но, не гласаше ниту против резолуцијата, бидејќи во спротивно на страдањата на луѓето во Газа ќе им се посвети премалку внимание. Покрај тоа, Германија во основа е за прекин на огнот во секој конфликт. Германија претходно интензивно работеше со Канада на подобрување на текстот, кој требаше да ги осуди нападите на Хамас и земањето заложници и да бара итно и безусловно ослободување на заложниците. Но, оваа иницијатива не наиде на мнозинска поддршка.

Канцлерамтот и МНР стојат зад воздржувањето

Минатата недела се случи истото: во вторник, 12 декември, Германија повторно беше воздржана во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Повторно беше изгласан текст кој повикуваше на прекин на огнот, а Германија повторно не гласаше ниту „за“ ниту „против“. Како ќе се гласа беше утврдено во тесни консултации меѓу Канцлерамтот и Министерството за надворешни работи. А со тоа се согласуваат и многу политичари во пратеничките групи во Бундестагот.

Политичарот од Зелените, Макс Лукс за ДВ изјави: „Сите сакаме да се стави крај на насилството. И Германија енергично се залага за прекин на насилството. Германија ги повикува сите инволвирани да ги почитуваат обврските од меѓународното право. Но, Германија мораше да биде воздржана, затоа што во резолуцијата не се споменува кој е агресор, а кој жртва во оваа ситуација“.

Растат критиките кон Израел

Гласачкото однесување на Германија ги зема предвид и посебните германски рамковни услови: за Германија, односот со Израел по злосторствата за време на нацистичката ера е „државен резон“, па солидарноста со Израел е непоколеблива. Од друга страна, во Германија живеат околу 5,5 милиони муслимани, чие сочувство природно оди пред сè кон луѓето во Појасот Газа.

Што се смени меѓу двете гласања со „воздржан“? Критиката кон Израел расте на меѓународно ниво. Масовните напади на Појасот Газа неодамна дури го поттикнаа на изјава и американскиот претседател Џо Бајден, постојан бранител на Израел. Првично, веднаш по нападот на Хамас, им рече Бајден на приврзаниците на неговата Демократска партија, земјата доживеа солидарност низ целиот свет. Но, сега, додаде тој, владата во Ерусалим е на пат да ја загуби оваа поддршка преку „своеволни бомбардирања“. Бајден продолжи: „Сакам да се фокусираат на тоа како можат да ги спасат животите на цивилите. Не треба да престанат да го гонат Хамас, но треба да бидат повнимателни“.

Сепак, за многу политичари во германскиот Бундестаг, солидарноста со Израел останува нескршена. Експертот за надворешни работи на парламентарната група на ЦДУ, Јирген Харт, за ДВ изјави: „Израел има право да се брани и право да го уништи Хамас, кој претставува најголема закана во израелската историја. Прекин на огнот што не е категорично ограничен со време, ограничен на часови или денови, само му помага на Хамас да закрепне“.

Пратеникот на СПД, Ралф Штегнер, уште посуштински објаснува зошто Германија и овојпат не можеше да гласа „за“. Штегнер во интервју за ДВ рече: „Апсолутно е незамисливо Германија да ја занемарува безбедноста на Израел. Државата Израел е основана како резултат на Холокаустот. Тоа е наша историска одговорност – и политичка причина да се однесуваме вака“.

Долгогодишниот експерт за надворешна политика од Партијата на Зелените, Јирген Тритин, додава: „Го поздравуваме повикот на Генералното собрание на ОН за ослободување на заложниците. Но, ни недостасува јасна заложба дека Хамас не е ослободително движење, туку терористичка организација, антипалестинска терористичка организација“. Тоа не е лапсус: Тритин намерно го нарече Хамас антипалестинска организација бидејќи неговото однесување ќе ја уништи надежта на Палестинците за сопствената држава на долг рок.

Бербок: „Страдањето на Палестинците е неподносливо!

Еден ден по второто воздржување, портпаролка на министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелени) во Берлин уште еднаш го оправда однесувањето во Генералното собрание: „Не ни е разбирливо барање за прекин на огнот, при што треба да се претпостави дека едната страна ќе продолжи со нападите со ракети од Газа“. Но, за разлика од крајот на октомври, Бербок експлицитно рече дека „страдањето на цивилите во Газа е неподносливо“, нагласи портпаролката.

Значи, меѓу двете гласања се смени тоа што расте критиката кон Израел, вклучително и во Германија. Но, Германија ниту во иднина нема да се согласи на прекин на огнот во кој не се споменува теророт на Хамас.

Related posts

Таксистите во 2022 превезувале над 13 милиони патници

admin

Нуклеарното вселенско оружје на Русија е ризик за сите

admin

ДАЛИ НА ЗАПАДОТ МУ СНЕМА МУНИЦИЈА?

ninja

ДУИ ја засилува реториката против „олигарсите“

admin

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

admin

Благ пораст на бројот на вработени во индустријата

admin