23.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

Генералниот директор на познатата компанија „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, беше примен во претседателската резиденција, каде оствари средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој беше дел од делегацијата на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСЗМ), предводена од Менди Ќира.

Како што е соопштено, на средбата се разговарало за економските предизвици на државата и можностите за потикнување на побрз сеопфатен и одржлив развој.

Џемаили, кој е и почесен претседател на СКСЗМ, беше дел од делегацијата која со Пендаровски разговарале за предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата во земјава, со посебен акцент на недостигот на работна сила, како и приоритетот во наредниот период.

Раководството на СКСЗМ покажаа дека бизнис заедницата континуирано спроведува инвестициски планови и инвестиции , отворање нови работни места за одржлив економски развој во државата.

Претседателот Пендаровски, преку објава на Фејсбук, информираше за средбата при што ги поздрави напорите на бизнис заедницата за поттикнување на нови инвестиции, нови работни места и долгорочен економски развој на земјата.

 

Related posts

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja

Ниту стратегиите, ниту политиките не помагаат: Најмногу пари и понатаму одат во најразвиените региони

admin

Дали сме на прагот на Третата светска војна?

admin

НИНИСТО- ТУРЦИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ФИНСКА ВО НАТО

ninja

Украинските пилоти почнаа со обука на Ф-16 во САД

admin

Ковачевски почнува разговори за широк Европски фронт

admin