21.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Полскиот амбасадор во Скопје: Вратите за ЕУ се отворени, но реформите и уставните измени се клучни

Полскиот амбасадор во Северна Македонија, Мариуш Бримора, изјави дека Полска работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија и дека процесот на проширување на ЕУ останува приоритет за полското претседателство. Тој предупреди дека реформите и уставните измени се неопходни предуслови за отворање на преговорите со Унијата.

Во интервју за државната агенција МИА, Бримора изјави дека напредокот кон ЕУ зависи од исполнување на обврските преземени од македонска страна, особено оние поврзани со Договорот со Бугарија од 2022 година.

„Работиме на приближување на позициите, не само во Брисел, туку и на билатерално ниво. На крајот на февруари, заменик-министерот за надворешни работи на Полска ја посети Софија и разговараше за проширувањето и европскиот пат на Северна Македонија. Но, обврските мора да се исполнат. Pacta sunt servanda – договорите мора да се почитуваат,“ рече Бримора.

Тој нагласи дека уставните измени се клучен чекор за отпочнување на преговорите, додавајќи дека моменталниот политички контекст е поволен, но не и траен.

„Ова е моментум што не трае вечно. Владата треба да го искористи додека е тука,“ додаде амбасадорот.

Според него, борбата против корупцијата треба да биде приоритет, а политичката волја е неопходна за успешно спроведување на реформите и задржување на поддршката за ЕУ интеграциите.

„Јавното мислење покажува опаѓање на ентузијазмот за членство во ЕУ. Според последните анкети, поддршката е нешто над 60 отсто. Тоа мора да се зачува,“ изјави тој.

Бримора додаде дека политичките односи меѓу Скопје и Варшава се одлични, но повика на интензивирање на економската соработка. Тој посочи дека полски експерти веќе работат на проекти поврзани со сообраќајната безбедност и транспортот.

Во однос на односите меѓу ЕУ и САД, амбасадорот оцени дека безбедносната соработка останува стратешки приоритет.

„И покрај предизвиците како царинските прашања, ЕУ и САД мора да продолжат да соработуваат. Безбедноста е поважна од сè,“ рече тој.

Тој додаде дека Полска, како претседавач со ЕУ, ќе се фокусира на зајакнување на европската одбранбена инфраструктура, во координација со Соединетите Американски Држави.

 

 

 

Related posts

Русија го нападна Киев со речиси 500 дронови и десетици ракети

admin

„Фуриозни“ сто дена на Влада, граѓаните чекаат резултати

admin

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу визи и имот во странство

admin

Киев со резерви: Меркел повторно во игра за мировни разговори

admin

Скопје – два дена центар на светот

admin

Владин земјотрес во најава: Доаѓаат нови имиња, старите фотелји се тресат

admin