36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски повикува лидерска средба: Клучните реформски закони под знак прашалник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски најави дека ќе иницира лидерска средба со политичките партии за да се дискутираат клучни реформски закони и прашањата поврзани со техничката влада.

Во интервју за Алфа телевизија, Мицкоски рече дека ќе упати покани до сите парламентарни партии за состанок што би се одржал во рок од една недела до десет дена, пред неговото заминување во Давос. Тој наведе дека на средбата би се разговарало за изборот на Народен правобранител и закони поврзани со напредокот на земјата кон Европската Унија.

„За овие прашања нема дијаметрално спротивставени ставови. Законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската Комисија, па ајде да седнеме и да разговараме“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека нема да иницира укинување на техничката влада без политички консензус, нагласувајќи дека секоја промена во политичкиот систем треба да се носи со согласност на сите релевантни политички чинители.

„Пред овие избори раководството на СДС велеше дека се за бришење на техничката влада. Јас не би сакал да влегувам во такви измени без консензус, затоа што тоа е политички некултурно“, рече Мицкоски, оценувајќи дека техничката влада може да го ограничува функционирањето на системот.

 

Related posts

Пентагон сака 340.000 дронови за можен судир со Кина

admin

Албанија и С.Македонија на врвот на листата со ризик од нестанок на струја

admin

Реформите и учебниците како систем „капка по капка“

admin

Смртоносен напад во Берлин: Стотици полицајци и хеликоптери го бараат 21-годишниот осомничен

admin

Мицкоски: Нема аргументи за нови отстапки кон Бугарија

admin

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin