22.5 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Монтиран процес?“ Ченто со кривична пријава и тврдења за притисоци врз сведоци

Јане Ченто, еден од осудените во случајот „27 април“, информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р., поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба.

Ченто изјави дека до Јавното обвинителство се доставени документи, заверени изјави и вештачења кои, според него, отвораат сериозни сомнежи за притисоци врз сведоци и неправилности во текот на истрагата и судската постапка.

„Денес стоиме пред вас како луѓе кои повеќе од осум години се соочуваат со системска неправда. Поднесовме кривична пријава поради основани сомнежи за попречување на правдата“, изјави Ченто.

Тој посочи дека доказите, меѓу другото, укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и клучен сведок, како и меѓу блиски лица на функционери и сведоци, поврзани со содржината на исказите дадени во постапката.

Според него, еден од сведоците дал изјава заверена кај нотар во која наведува дека неговиот претходен исказ бил невистинит и дека му било ветено олеснување во други постапки доколку сведочи на одреден начин.

Ченто додаде дека постои и вештачење на мобилни телефони од овластен судски вештак кое ја поткрепува ваквата изјава, и побара од Обвинителството темелно да ги разгледа доставените докази.

„Ова не е политичка изјава, туку чекор заснован на документи и сериозни сомнежи за сторени кривични дела“, рече тој.

Од Јавното обвинителство соопштија дека пријавата ќе биде примена и дека ќе се проверат наводите.

Во меѓувреме, Апелациониот суд неодамна ја одби жалбата за повторно судење на осудените за насилството во Собранието на 27 април 2017 година, оценувајќи дека не постојат суштински повреди на постапката.

Ченто беше правосилно осуден во 2019 година на 13 години затвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, во предметот поврзан со упадот во Собранието, додека дел од обвинетите добија амнестија со закон донесен во 2018 година.

Related posts

ЗОШТО ВО БУГАРИЈА ПАК ЕЧИ „МАКЕДОНИЈАААА!“

ninja

Романски метал, бугарска динамика и албанска емоција ја „запалија“ Виена

admin

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

ninja

Црна Гора не сака ЕУ без право на вето, Рама е против: доста се блокираме едни со други

admin

Меџити за „Локално“: По 8. мај земјата ќе биде ослободена од криминалот и корупцијата

admin

Лога ја отвори Пандорината кутија а бугарските здруженија со пропаганда за „олеснување “ на чекорите до бугарски пасош

admin