9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: Имам „златна виза“ за ОАЕ, но не поради инвестиции во Дубаи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека поседува т.н. „златна виза“ за Обединетите Арапски Емирати, но истакна дека не ја добил поради инвестиции или сопственост на недвижности во Дубаи.

Во интервју за подкастот „Политиканти“ во неделата вечер, Филипче рече дека визата ја стекнал во рамки на напредни разговори со приватна болница во ОАЕ за професионален ангажман, процес кој бил ставен во мирување откако бил избран за пратеник, а потоа и за претседател на опозициската Социјалдемократска партија.

„Пред периодот кога се кандидирав за претседател на СДСМ, а претходно и за пратеник, бев во преговори со една болница во Дубаи за работа таму. Преговорите добро напредуваа, заврши дури и форма на валидација на документи. Меѓутоа, тој процес сега е ставен на стендбај,“ изјави Филипче.

Тој не прецизираше дали постои можност повторно да ги активира разговорите со здравствената институција во иднина.

 

 

 

Related posts

Дијалог на „глуви“ за минималец на мускули

admin

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

Таравари на ДУИ и’ препорачуваше „Ефридол“, а сега?

admin

СО ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ЗАШТЕДА ОД 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

ninja

Претседателот на МПО повика на единство меѓу различните македонски идентитети

admin

Дали големите ветувања ќе го станат здравството од постела?

admin