24.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Белгија: Изборната кампања ќе го скрати претседавањето со ЕУ

Белгија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ. Предизвици има на секој агол, а работата ја компликуваат европските, но и белгиските избори во јуни.

 

„Подобри сме во наоѓање решенија отколку во создавање проблеми“, изјави оваа либерална министерка за надворешни работи која доаѓа од Валонија, франкофонскиот дел од Белгија, кога на почетокот на декември го претстави планот за претседавање.

Кралството Белгија како „повеќејазична и мултиетничка земја“ е навикнато на дискусии и барање компромиси, додаде Лахбиб. Нејзините родители потекнуваат од Алжир, а самата таа е ново лице во политиката, донеодамна беше телевизиска водителка.

Сѐ мора пред кампањата

Како претседавач со ЕУ, Белгија до крајот на април ќе треба да излезе на крај со речиси 150 законски предлози кои мора да поминат низ Европскиот парламент и други институции. Тука спаѓа  реформа на постапката за азил  и  правилата за користење на вештачка интелигенција.

Зашто, на крајот на април Европскиот парламент заседава последен пат во овој состав. Во првата недела од јуни се европските избори.

Тоа значи дека Белгија има помалку време од обично, претседавањето официјално трае шест месеци, но ова ќе биде обележано од скратено време поради изборите.

Без оглед на тоа, либералниот премиер Александер де Кро сака да протурка што повеќе закони кои ја менуваат економската слика на ЕУ и придонесуваат за нејзина поголема конкурентност во светот. „Тоа значи штитење на луѓе, зајакнување на економијата и подготвување за заедничката иднина“, вели тој.

„За Белгија ова е 13. претседавање со ЕУ. Би требало да знаеме што правиме“, додава Де Кро.

Белгија во 1957 година била меѓу шесте основачи на претходничката на ЕУ.

Како со Орбан?

Уште на посебниот европски самит на 1 февруари Белгијците ги чека крупен залак. Треба да се испреговара долгорочниот буџет на ЕУ во кој 50 милијарди евра треба да бидат определени за Украина.

На неодамнешниот самит во декември, унгарскиот премиер  Виктор Орбан со вето го блокираше договорот за парите за Киев.

Белгискиот премиер Александер де Кро и унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на ЕУ
Белгискиот премиер Александер де Кро и унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на ЕУФотографија: Omar Havana/AP Photo/picture alliance

„Важно е да покажеме дека ќе продплжиме да ѝ помагаме на Украина“ рече во таа прилика белгискиот премиер Де Кро. Уште не кажа како мисли да го убеди Орбан.

Посебно пикантно е што во втората половина од 2024 година Унгарија го презема претседавањето со ЕУ,  токму по Белгија.  Брисел и Будимпешта значи ќе мора да соработуваат.

Нејасно е дали  првата меѓувладина конференција со Украина и Молдавија  ќе биде одржана во првата половина од годината, под белгиска палка. Разговорите со тие две земји ќе уследат зашто ЕУ со двете ги отвори пристапните преговори.

ЕУ мора да се менува

Инаку, тема на белгиското претседателство ќе биде и  проширувањето на ЕУ, посебно подготовка на самата Унија да го „свари“ тоа можно проширување.

Зашто, ЕУ вака не функционира и мора да изврши реформи во внатрешните процедури, вели Јанис Еманулидис од трустот на мозоци Центар за европски политики.

Тој вели дека 2024 година носи нови предизвици во можното стигање на рускиот властодржец Владимир Путин до самите граници на ЕУ, опасност Европа на европските избори да сврти во десно, како и во САД повторно да биде избран Доналд Трамп.

„Путин нѐ посматра. Ако изборите во ЕУ и во САД не поминат добро, Путин би можел да нѐ предизвика. Спремни ли сме за тоа?“, прашува Еманулидис.

Изборна кампања и во самата Белгија

Некои коментатори во белгиските медиуми се сомневаат дека владата на таа земја има сили за сите овие предизвици кои ги носи претседавањето со ЕУ. Зашто, паралелно со европските избори, се одржуваат и белгиски локални, регионални и федерални избори.

Неизвесно е дали на власт ќе опстане компликуваната коалиција од седум партии, од социјалисти, преку зелени и либерали до демохристијани од двата дела на земјата.

Во анкетите, таа коалиција паѓа според популарноста, додека јакнат десничарите и фламанските сепаратисти.

На прашање дали изборите во компликуваната држава Белгија ќе влијаат на претседавањето со ЕУ, премиерот Де Кро негира: „Не!“

Додуша, тој самиот речиси извесно нема веќе да биде премиер, зашто неговата партија, фламанските Либерали, посебно губи на популарност./DW

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ ПОЧНУВА АКЦИЈА „ЗАЕДНО СО НАРОДОТ“

ninja

Од Груевски лапна 5 милиони евра, па стана „шарен револуционер“, па од СДСМ џапна 2,5 милиони евра и сега е „свиркач“ и „укажувач на корупција“?!

admin

На Нова година ќе има повеќе од 8 милијарди луѓе во светот

admin

Агелер: САД ќе го прозива секој кој ќе ја загрози демократијата во РСМ

admin

Колку „тежи“ целата Влада, кои пет министри се најбогати а кои најсиромашни?

admin

Мицкоски започнува со преговори за формирање влада

admin